Навивачите на аргентинскиот четвртолигаш Хувентуд, па и самиот клуб заслужуваат најстрогата можна санкција, бидејќи овие насилни и крвави сцени се надвор од секоја логика.
Главниот судија Бруно Амикони и неговите помошници Марсело Акоста и Маурицио Луна добро што останаа живи после четвртфиналниот меч од четвртата лига во Аргентина меѓу Хувентуд и Индепендиенте.
Гостите го добија мечот со 0:1, а домаќините по се изгледа незадоволни од судењето ги здробија од ќотек сите тројца судии. На социјалните мрежи почна да се шири фотографија од еден од судиите кој целиот во крв седи сам во тоалет.
„Кога побаравме да има полиција, таа не се појави и тоа беше слободна зона. Така лошо не третираа што ќе се преиспитам дали ќе продолжам да судам. Можев некако да се одбранам сам, но другите двајца суди настрадаа повеќе и останаа без свест“, вели главниот судија на мечот.
Локалните аргентински медиуми пишуваат дека тројцата судии завршиле во болница, а на Хувентуд му се заканува казна која може да биде и исфрлување од лига.
Ги гледаш видеава и мислиш војна се води.
#URGENTE
— Diego Brancatelli (@diegobranca) November 30, 2017
Hinchas invadieron el campo y molieron a golpes a un árbitro.
Una locura lo q pasó en el Fed B: Juventud de Pergamino - Independiente de Chivilcoy.
Bruno Amiconi (Arbitro) Marcelo Acosta y Mauricio Lunac (lineas)víctimas de este ataque.
Esperamos sanción ejemplar. pic.twitter.com/wc3lZvbjzA