Трансферот се случува во веројатно најтешките моменти на Катар во поновата историја, ама самото тоа што тој е спроведен дури и во такви услови, според Фигаро ја покажува решителноста на земјата (инаку сопственик на ПСЖ) да продолжи да ги одржува своите меѓународни амбиции.
Катар моментално е на 5 години од одржувањето на светското првенство во фудбал, кое заедно со купувањето на ПСЖ "се во центарот на спортската дипломатија и меката сила на Катар."
Вон спортските вести, Катар е сред ембарго од сите можни соседи и малку пошироко, додека во исто време цената на нафтата е далеку од златните денови кога земјата ја доби организацијата на мундијалот и го купи ПСЖ. Сето ова го натера богатото нафтено кралство малку да ги прибере своите амбиции околу тоа што сè ќе гради за Светското првенство 2022. Додека земјата продолжува со изградбата, "неговите непријатели јасно ја искажаа својата намера да го спречат одржувањето на Светско првенство во Катар".
"До тогаш клучно е за Катар да се претстави пред светот како вистинска спортска нација. А тоа се уште е далеку од остварување. Нивната цел, кога го купија ПСЖ, беше да го освојат најголемиот трофеј во европскиот фудбал: Лигата на Шампиони...
... До сега овој успех за малку им бега. Меѓутоа во фудбалот како и во најголемиот број други стратешки инвестиции, Катар, иако не следи чиста филантропија, е внимателен оператор на мека дипломатија.
222-те милиони евра што ги потроши за одземање на бразилскиот скапоцен камен од Барселона е во согласност со логиката за засилување на ПСЖ. Ова е јасен доказ дека катарските инвестиции во парискиот фудбалски клуб не се дел од неодамнешното финансиско стегање на Доха," пишува Малбруно.