Саудиските власти првично изјавија дека Катарците се добредојдени на аџилакот, за потоа и да негираат дека како било им забрануваат пристап до светите локации во земјата.
По ова катарските власти посочија дека Саудиска Арабија по сите основи и правци ја блокира земјата и нејзините граѓани, што во пракса значи дека Катарците нема како да стигнат на аџилак.
Во третиот чин Саудијците тврдат дека имаат воведено квота со која 1.200 Катарци ќе добијат дозвола за присуство во Мека. Катарците и на ова имаа забелешка, конкретно дека „регистрацијата на сајтот на саудиското министерство се покажала како невозможна.
Асошиејтед прес пренесува изјава од неименуван саудиски функционер, според кого:
„Регистрацијата на аџии од Катар останува затворена а жителите на Катар не може да добијат визи за влез бидејќи нема дипломатски односи меѓу земјите“.
До сега двете држави имаат прекинато: дипломатски односи, економски и трговски односи и какви било цивилни летови или друг вид на транспорт, а Саудиска Арабија годинава додели тендер од над 700 милиони долари за ископување канал околу целата граница со Катар.