Таг: мека

Најмалку 1.300 луѓе умреа на аџилак

Годинашниот аџилак во Мека се случува сред топлински бран за време на кој во повеќе наврати температурите надминаа 50 степени Целзиусови. Најголемиот дел од загинатите се аџии кои решаваат да испешачат големи дистанци сред горештините.

Саудијците им укинаа и аџилак на Катарците?

Откако комплетно го изолираа Катар (до таму што имаат намера и од полуостров да го претворат во остров), Саудијците одлучија на комшиите да им го забранат и пристапот до Мека.

Зошто Мека ќе добие реновирање од 80 милијарди долари?

Моментално Мека ја посетуваат околу 8 милиони туристи годишно. Саудиската влада има намера оваа бројка до 2030 да порасне за дополнителни 20 милиони туристи.

Иран забрани одење на аџилак во Мека

Во едно од најсериозните распалувања на државно ниво меѓу Иран и Саудиска Арабија, Исламската република Иран објави дека забранува патување во Мека и Медина на сите свои граѓани. По пат блокираа и увоз на саудиски производи.

Спокојно на аџилак

Од денес до 27-ми септември околу 2 милиона муслимани ќе се соберат на годишниот аџилак во Мека. Ова се очекува да биде најжешкиот аџилак во изминатите 2 децении, со најавени температури до 45 степени Целзиусови, а во исто време регионот е во најнестабилна состојба во последниве неколку децении. Со сето ова предвид, Економист тврди дека годинава ќе биде најбезбедниот аџилак до сега.

Мека 2020-та

Властите во Саудиска Арабија започнаа со проширување на џамијата Масџид ал-Харам (главната џамија во Мека) со цел да го зголемат нејзиниот капацитет. Единствен проблем е што за проектот треба да демонтираат некои од најстарите делови на најважната џамија во Исламот.