Технички, иако аџилакот е еден столбовите на Исламот, тој е задолжителен само за тие што можат да си го дозволат - физички и финансиски. Во минатото аџилакот е патешествие кое трае со месеци или години, а имало и случаи кога тој се паѓа сред лето (муслиманскиот календар е лунарен и е 11 денови пократок од соларниот календар).
Загриженоста на Економист околу годинешниот аџилак е:
"Саудиските власти треба да бидат дополнително претпазливи. Низ муслиманскиот свет, тензиите меѓу мнозинските Сунити и малцинските Шиити е на највисоко ниво. И меѓу самите Сунити има поделби и се' поширок спектар кој ги одделува, на пример, фундаменталните симпатизери на ИСИС и оние од порелаксираните варијанти на исламот кои се практикуваат во Индонезија или Сенегал. Можеби ќе треба чудо за сите 'Божји гости,' како што Саудијците ги нарекуваат аџиите, да бидат среќни. А со се поголемиот дел од 1,8-те милијарди муслимани кои можат да си го дозволат аџилакот, Саудијците се соочуваат со неизбежно растечки товар."
Пофалбата од Економист за подготвеноста на Саудијците за годинешниот аџилак е:
"Освен многу богатите, и гостите на владејачката саудиска династија кои ќе бидат пренесени со хеликоптери или лимузини, аџилакот и понатаму е тест на издржливост. Сепак, тој е далеку полесен - и побезбеден - отколку што беше. Саудијците многу сериозно го сфаќаат 'старателството' врз светите места. Тие потрошија милијарди долари не само на инфраструктура како пешачки мостови и тунели и кампови од огноотпорни шатори, туку и на совети за менаџмент и системи за логистика кои треба да се погрижат за целиот наплив на народ. Секоја земја има стриктна квота на бројот на аџии, кои мораат да имаат доказ дека се вакцинирани за повеќе преносливи болести. Здравствените власти и на Британија и на САД дадоа благослов за годинешниов аџилак. А што се однесува до безбедноста, Саудијците тврдат дека имаат распоредено околу 100.000 полицајци, како и илјадници ТВ камери кои пренесуваат директно видео во џиновската контролна соба. Тие тивко, но значително го намалија годинешниот број на аџии од Јемен."