Со актуелното проширување, на северната страна на џамијата, во опасност се голем дел од Отоманските и Абасидските столбови на кои со арапска калиграфија се испишани имињата на придружниците на пророкот Мухамед и некои од клучните делови од неговиот живот.
Еден од столбовите за кој се верува дека е урнат во проширувањето, треба да го обележува местото од кое муслиманите веруваат дека Мухамед го започнал своето небесно патување на коњ со крила, кој во една вечер го однел до Ерусалим и во рајот.
Целата работа е комплетно финансирана и поддржана од Саудскиата влада и кралското семејство, меѓутоа дел од муслиманскиот свет (пред се предводен од Турција) не е воодушевен од расклопувањето на џамијата која според Куранот е првото место на светот во кое човештвото можело да го обожува Алах.
Судирот меѓу Саудијците и дел од другите муслимани, е што во Саудиска Арабија преовладува Вахабистичкото учење за Исламот кое се противи на обожување идоли. Конкретно заради ова Вахабистите се против зачувувањето на историски локалитети поврзани со Пророкот. Ова е и една од причините заради која 95% од илјада години старите згради во Мека се срушени. Дури и куќата во која е роден Мухамед беше срушена, а на нејзино место е изградена библиотека.