Повеќе од 3-4 од загинатите немаат официјална дозвола да бидат во Мека и минуваат големи далечини на директно сонце без соодветно засолниште. Саудиски медиуми пренесуваат дека дел од починатите се и постари лица или хронично болни.
Според АФП, од починатите 658 се Египќани, од кои 630 се без дозвола. По ова египетската влада најави дека ќе ги укине туристичките дозволи на агенциите кои го организирале нелегалното патување до Мека.
Годинава околу 1,8 милиони луѓе беа на аџилак во Мека, а здравствените установи примиле околу половина милион аџии, вклучително и 140.000 кои немале дозвола.
Секоја држава добива одреден број на дозволи за тоа колку нејзини граѓани можат да присуствуваат на аџилак и тие потоа се делат преку лотарија. Заради трошоците поврзани со дозволите и патувањето, добар дел аџии се решаваат „на диво“ да тргнат кон Мека, што значи дека таму немаат пристап до шаторите за разладување и други засолништа.
Датумот на аџилакот се одредува според исламскиот календар и секоја година неговиот почеток е отприлика 10 дена порано. Во 2025 ќе биде последниот аџилак во летна сезона во следните 17 години.