Зошто Мека ќе добие реновирање од 80 милијарди долари?

Моментално Мека ја посетуваат околу 8 милиони туристи годишно. Саудиската влада има намера оваа бројка до 2030 да порасне за дополнителни 20 милиони туристи.

Религиозниот туризам е третиот по големина извор на приходи за Саудијците по нафтата и петрохемиската индустрија. Како што паѓаат приходите од првите две ставки, саудиската влада сака дупката да ја пополни со пари од туризмот.

Центарот на овој туризам е Мека, односно Ќаба, градбата во облик на коцка сместена во Големата џамија. Ќаба се смета за најсветото место во исламот. За време на аџилакот во Мека пристигнуваат околу 2 милиони луѓе.

Како дел од апгрејдувањето на Мека, во тек се градежни активности кои треба да ги прошират туристичките капацитети на градот на околу 7 милиони туристи во секое време. Во проектот е вклучен и хотел од 3,5 милијарди долари, со капацитет од 10.000 соби и 70 ресторани.

Минатата година се почна со проширување на Големата џамија, вредно 10 милијарди долари.

Во реновирањето на градот ќе бидат срушени и повторно изградени 13 од 15-те постојни стари населби во Мека, а од бројните стари храмови во градот ќе остане само Ќаба.

 

1 септември 2017 - 10:47