Таг: катар

Франција се врати на светскиот ракометен врв

По елиминацијата во четвртфинале на минатиот Мундијал, моќната ракометна велесила повторно го освои златниот медал на кој се радуваше во 1995, 2001, 2009 и 2011 година. Среброто оди кај домаќините кои станаа прва неевропска земја со медал, а Полска е трета во свет.

Чраповски: Ова е срам за ракометот

Револтирани од начинот на кој судеа, репрезентативците на Полска по завршувањето на полуфиналето против Катар со ироничен аплауз ги испратија судиите, а резултатот сметаат дека бил однапред договорен.

Катар во финале на мегдан со Франција

Втората полуфиналната мега пресметка на Светското ракометно првенство му припадна на четирикратниот освојувач на златото. Таму го очекува дуел против домаќинот кој направи сензација откако претходно ја совлада Полска.

СП Катар: Домаќинот во поход со странски легионери

Утре во Катар започнува 24. Светски шампионат во ракомет, настан на кој репрезентацијата на Македонија по четврти пат ќе се појави на еден Мундијал. За првпат во историјата домаќинот на СП ќе има повеќе странски ракометари, отколку домашни.

Фудбалогледачите

Една од главните пасии на Катарците е да му покажат на светот колку се напалени на спортови. Од мерак за фудбал емирот на Катар го купи ПСЖ, а уште го трпат резилот дека го наместиле изборот за домаќин на СП 2022-ра. И покрај сето ова главна мака им е како да направиш да изгледа дека луѓето стварно одат на фудбал, во земја каде што е неиздржливо да одиш каде било. Тука на ред доаѓаат илјадниците имигранти работници.

Катарецот Баршим може да скокне преку Јао Минг

Атлетичарот Мутаз Еса Баршим има 23 години а веќе е на само два сантиметри од историскиот рекорд на Сотомајер, кој во 93. година скокна 2 метри и 45 сантиметри.

Во Катар како во црква

Домашните си го знаат редот, ама речиси секој што доаѓа од странство е облечен спротивно на сите правила за тоа како човек треба да изгледа на улица во Катар. Затоа во земјата стартуваше кампања за дрес-код за странци.

Зошто Светското првенство во Катар ќе биде катастрофално

Четири години по доделувањето на правото за организација на Светското првенство во 2022 година на земја без фудбалска инфраструктура и традиција, Катар сè уште не нè разубеди дека е најконтроверзниот домаќин на еден Мундијал. Еве зошто.

Мојот сон е моја пауза

Малата плата, ќотек, сексуални напади, 100-часовна работна недела и одмор само за спиење, е искуството на голем број куќни помошнички во Катар, кое го пренесува извештајот на Амнести интернешнл.

Како Катар стана светска фудбалска сила

Добивањето на правото за организација на Светското фудбалско првенство во 2022-та година е само дел од планот на Катар да стане главен играч во глобалната игра.

ESPN пишман околу Катар

На новинар на ЕПСН, Катар му плаќа патување до Катар со сите трошоци подмирени. Новинарот се заљубува во Катар, а ЕСПН го објавува ова, ама не за долго.

Катарката што господари со светската уметност

Се вика Ал Мајаса бин Хамад бин Калифа Ал Тан, има 30 години, одговорна е за музеите во Катар, минатата недела (според Њујорк пост) купи уметничко дело на Френсис Бејкон за 142 милиони долари, има баснословен буџет за трошење и сестра му е на Емирот од Катар.

Катарците купуваат и фудбалски споменици

Откако си купија Светско првенство, фудбалски легенди, клубови, тренери и играчи, Катарците почнаа да купуваат и фудбалски статуи. Познатата „Удар со глава" статуа на Зидан и Матераци се пресели во Доха.

Колку мигранти ќе умрат за да биде организиран Мундијалот во Катар

За време на изградбата на стадионите во Катар животот ќе го изгубат повеќе емигранти кои работат на проектите, отколку што ќе се појават фудбалери за време на Светското првенство 2022-ра (заедно сосе замените).

Катар ќе прави фудбалска лига со светски гиганти

Катарците имаат желба да станат светска сила во фудбалот и ќе ги искористат своите потенцијали (читај пари) да си ја исполнат желбата. Го добија (читај купија) Светското првенство во 2022, а сега сакаат да си направат лига во која ќе играат најдобрите 24 фудбалски клубови од светот.

Катар „купувал“ и фудбалски ѕвезди

И покрај тоа што претседателот на УЕФА, Мишел Платини се закани со тужби за клевета, францускиот фудбалски магазин „Франс Фудбал" продолжи со изнесување на нови информации за аферата „Катаргејт".

Македонија продолжува триумфално

Со победа против Катар од 34:30, ракометната репрезентација на Македонија го доби и вториот натпревар на Светското ракометно првенство во Шпанија. Клучен момент за триумфот на избраниците на Шундовски беше фантастичото прво полувреме во кое постигнаа 21 гол.

Самоубиствениот план на ФИФА

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да го помести терминот на одигрување на Светското првенство во 2022-та година за да се избегне крахирањето на Мундијалот заради високите температури во Катар. Меѓутоа овој план би можел да биде погубен за ФИФА и тоа заради сопствените прописи.

Катар го помага Париз со 100 милиони евра

Едни го сметаат за "исламизирање" на градот, други го сметаат за доказ за неуспехот на државата да се справи со социјалните проблеми, за Катарците сето ова е поевтино отколку што "заглавија" во ПСЖ.