Катарецот Баршим може да скокне преку Јао Минг

Атлетичарот Мутаз Еса Баршим има 23 години а веќе е на само два сантиметри од историскиот рекорд на Сотомајер, кој во 93. година скокна 2 метри и 45 сантиметри.

Атлетскиот митинг во Брисел доби нов рекордер, откако Катарецот Баршим успеа да прескокне 2,43 метри и на тој начин ја воодушеви спортската јавност. На социјалните мрежи веќе почнаа да кружат фотомонтажи на кои се прикажува што сè би можел да прескокне младиот Баршим.

12 септември 2014 - 11:41