1. Околу 4.000 работници ќе загинат
Откако Катар започна да ја гради инфраструктурата за Светското првенство, загинаа 1.200 работници од Непал и Индија. Со ова темпо, се очекува дека црната бројка ќе достигне до 4.000 жртви
2. Робови
Увезените работници работат и живеат во нехуманите услови и се третирани како робови. Катарците им ги одземаат пасошите за да неможат да си одат, не им даваат редовно плата, ги тераат да работат на жештина без вода, ги сместуваат во лимени контејнери...
3. Мито и корупција
Скоро сите функционери кои го дадоа својот глас за Катар примиле пари од оваа земја. 3,4 милиони долари се префрлени дури и на 10-годишната ќерка на Рикардо Тешеира, член на извршниот одбор на ФИФА.
4. Жештина
Во периодот кога треба да се играат натпреварите, температурите достигнуваат и до 50 степени, па наместо во лето, Светското првенство најверојатно ќе треба да се помести за во зима.
5. Трошоци
Катарците планираат да потрошат 200 милијарди долари што е за четири пати повеќе од парите кои ги потрошија Русите за најскапите Олимписки игри во историјата. Трошоците веќе излегуваат од контрола, па наместо 12, тие решија да градат само 8 нови стадиони.
6. Нема стадиони
Катар во моментов нема ниту еден стадион кој исполнува услов за Светско првенство. Сите стадиони ќе се градат од нула.
7. Нема градови
Не само што нема стадиони, Катар нема хотели и цела инфраструктура за Светското првенство. Не постои дури ни градот Луисал за каде е планирано да се одигра финалето.
8. Лигите ќе треба да менуваат распоред
Ако Светското првенство се премести, сите фудбалски лиги ќе треба да го сменат својот распоред. ФИФА ќе треба одново да преговара и за ТВ договорите затоа што на пример само Фокс плати 425 милиони долари за следните два турнири под претпоставка дека ќе се играат на лето и нема да се поклопат со термините на НФЛ.
9. Климатизираните стадиони се невозможни
Катар вети дека ќе изгради климатизирани стадиони за да може да се одигра Светското првенство во лето, но подоцна и самите сфатија дека вакви системи се прескапи и невозможно е да се изградат за толку големи површини.
10. Нема пиво
Можеби најголемото разочарување за навивачите кои ќе пристигнат во Катар е тоа што нема да можат да пијат пиво насекаде. Само неколку хотели и барови во Катар смеат да продаваат алкохол.