Њујорк Пост од неименувани извори објави дека таа е анонимниот купувач што го постави рекордот за најскапо платено уметничко дело на аукција.
Ал Мајаса освен арапски зборува и француски и англиски, има дипломи по политички науки и литература од Универзитетот Дјук, а потоа магистрира на Меѓународни и јавни работи на Универзитетот Колумбија.
Годишно таа има 1 милијарда долари кои треба да ги потроши на купување уметнички дела. Моментално ова е и најголемиот буџет на светот за оваа намена.
"Уметноста станува важен дел од нашиот национален идентитет. Катар се обидува да ги израсне своите национални музеи преку органски процес од внатре. Нашата мисија е култура, интеграција и независност. Ние не сакаме да го имаме тоа што е на Западот. Ние не ги сакаме нивните колекции. Ние сакаме да изградиме наш идентитет, да создадеме отворен дијалог за да ги споделуваме нашите идеи и да ги споделуваме вашите идеи со нас," порача Ал Мајаса за време на својата ТЕД презентација во 2010-та.
Сепак во изминативе години Катар плати 70 милиони долари за дело на Ротко, 250 милиони долари за Сезан, 20 милиони долари за Хирст (што е и најмногу што некој платил за дело на жив уметник). Катар поседува и дела од Ворхол, Кунс и Рој Лихтенштајн.