Фини работи

ФДУ на Јејл отсега ќе чини нула долари

Престижната школа - која меѓу другите ја имаат завршено Мерил Стрип, Анџела Басет и Пол Њумен -  во иднина ќе чини точно нула пари. Драго ни е што е тоа овозможено со пари од еден човек кого го познаваме од светот на музиката и плочите. 

Уметноста како поле за тролање на цел свет (и перење пари)

Ај лани што се продаде банана залепена за ѕид за неверојатни 120.000 долари, и уште поневеројатно бананата веднаш беше изедена, туку за бананата се подал и Дамиен Хирст еден од најскапо платените уметници на светот.

Пекара „Лудиот пекар“

Во болница за ментални болести во близина на Пекинг отвораат пекара во која ги вработуваат своите пациенти, а и сами го избираат името од насловот.

Што ренесанса виси во вашата кујна?

„Ругање на Исус“ е слика од 13-от век од италијанскиот ренесансен уметник Чимабуе, за која до пред некој месец никој немаше поим каде се наоѓа за на крај да биде откриена во кујна. Хепиендот е уште поголем бидејќи сликата требаше да биде продадена за околу 6 милиони евра. Стигна до многу повеќе.

Зајак од 91 милион долари е доказ дека треба поголеми даноци за ултра богатите

Без да се навлегува во уметничката вредност на делото на Џеф Кунс и дали тоа е споменик на „преценет кич од 1980-те“, останува фактот дека неговиот зајак е најскапо продаденото дело од жив уметник, рекорд што баш и не го личи многу во време кога богаташите се вонредно привлечна мета за отстрел.

Фотографот и неговата жена што засадија 2 милиони дрвја

Приказната за легендарниот бразилски фотограф Себастијао Салгадо и неговата сопруга Леила потсетуваат на онаа мудрост од кинеската поговорка: „Најдобро време да засадиш дрво било пред 20 години. Второто најдобро време е денес“.

Екозија стигнаа до 50 милиони дрвја

Екозија е оној интернет пребарувач кој минимум 80% од приходите ги дава на сериозни невладини од светот кои се занимаваат со пошумување и зачувување на она што е останато. Наш читател кој го користи Екозија, го информирале дека има засадено преку 1.000 дрвја. И вика, јако е. И, јако е. 

Добра и лоша вест од светот во кој живееме

Ќе дојде непознат млад дечко пред твоја врата дома за да го врати новчаникот полн со пари кој го нашол на улица. А тебе ќе ти биде страв да му отвориш.

Првиот негрд далечински

По корисноста за човештвото, далечинскиот управувач гордо стои до тркалото и пивото. Но, досега се водеше сметка само за нивната функционалност па имавме грдосии со многу копчиња. Човек кој е уметник и програмер истовремено, сето тоа фино го стилизирал.

И немој сите пари на иста книжара да ги трошите

За да ги потсети младите дека „културата може да го збогати животот и да ги спои луѓето“, италијанската влада на сите тинејџери за 18-тиот роденден ќе им дава по 500 евра за книги.

Спасете ја планетата, една апликација по друга

Неделава луѓето можат да сторат нешто конкретно за спасување на планетава со тоа што што нема нишѓо да сменат од она што вообичаено го прават. Да си кркаат апликации

Приколката која ни недостасува

Како што знаат некои меѓу нас, пишувањето на сајтов од локации „среде никаде“ и имањето сигурна интернет врска, не е секогаш можно. Или барем така мислевме дур не ја видовме оваа приколка.

Камион каков што заслужува нашиот

Најдовме камион кој апсолутно треба да му припадне на оној распеан камионџија кој за момент го натопи македонскиот интернет со позитива. Само што треба да го држи грло до 2025-та година.

Сакате кола за сите пари?

Ѕирнете го Кадилак концептот на Лексани. Ентериерот ќе доаѓа позлатен ама ќе имало и варијанта со посељачка тоест нормална глазура. Ќе го купи ли ова некој од бахатите македонски тајкуни за да може безбедно преку прозор да моча по овдешниот лумпен пролетаријат?

Комбе за електрични хипици

Некаде во декември минатата година престана да се произведува легендарното хипи комбе на Фолскваген, икона на слободното движење и дружење. Стигна предлог за замена. Новото комбе би било електрично, со магнифисент поглед.

Катарката што господари со светската уметност

Се вика Ал Мајаса бин Хамад бин Калифа Ал Тан, има 30 години, одговорна е за музеите во Катар, минатата недела (според Њујорк пост) купи уметничко дело на Френсис Бејкон за 142 милиони долари, има баснословен буџет за трошење и сестра му е на Емирот од Катар.

Зошто дождот мириса убаво?

Нема тука мистерија, науката го знае одговорот половина век – мириса убаво затоа што мириса на – масло.

Како Даниел Деј-Луис го одби Стивен Спилберг

Пред да стане Абрахам Линколн, Даниел Деј-Луис прво ја одби понудата на Спилберг за улогата. Затоа што ретко кога го одбиваат за улога, Спилберг решил да го зачува одгoворот на Деј-Луис.

Јахтата на Стив Џобс потсеќа на - Стив Џобс

Постхумно завршена, супер јахтата на Стив Џибс изгледа како маестрален споменик на неговата минималистичка естетика.

Шоферот, електричарот и Пикасо

Кон крајот на 2010-та цел свет беше вчудовиден кога од никаде еден пензионираниот електричар објави дека поседува 271 претходно невидени слики од Пикасо. Од каде овие слики?