Холандскиот „еко-претприемач" Том ван де Беек го креирал Кантор Караван, флота мобилни микро-канцеларии опремени со бежичен интернет, кафемати кои работат на сончева енергија и полначи на мобилни уреди. Караваните од март се поставуваат низ националните паркови во Холандија. Во моментов еден од нив е близу Амстердам, за оние кои не можат да издржат по канцелариите да скокнат на воз, потоа на велосипед, и да си овозможат дневно бегство во природа.
„Инспирацијата ми дојде од копнежот да се биде подлабоко поврзан со природата", вели ван де Беек. „Во времиња на технолошка иновација и безжична поврзаност можна е ултимативната комбинација: враќање кон неа и самоодржливост во смисла на храна и енергија, при што можеме да си ја вршиме и секојдневната работа".
Интересот за приколката е голем, уште повеќе што се плаќа онолку колку што можеш да си дозволиш, односно нема фиксни цени. Во караванот има и шатори и кујнски прибор доволен и за групни состаноци и „тим билдинг". Дизајнерите се надеваат дека наскоро концептот ќе се прошири низ Европа и САД.