Денес секојдневниот контакт помеѓу човекот и машината - преку притискање прекинувачи - во доцниот 19 век предизвикувал социјална анксиозност од невидени размери.
На 15 септември 1885, дваесет и пет години откако бил заробен во Судан, слонот Џамбо трагично го загубил животот кога бил удрен од товарен воз. И ова не е единствен ваков измислен или реален случај, кој ги разоткрива латентните анксиозности на преминот од 19 во 20 век.
За некои од нас, децата на доцниот дваесети век, новиот милениум почна - или се најави некоја година претходно - со компјутерот, интернетот, мобилните телефони, со секакви виртуелности. Мене ми почна многу поскромно, но потемелно: со клима-уредот.
Станува збор за нешто како смоки, направено од пченка, со различни вкусови, меѓу кои и кокос. Грицките се користат како посебен вид заштита и поттик - на машините, за да работат како што треба.
Не е ни до ботовите, ни до информациските „меури“, ни до лажните вести. Технологијата прави да веруваме дека имаме пристап до фактите, оние „вистинските“ и „реалните“. Проблемот е што не се едни факти за една работа, многу се.
Спротивно oд предвидувањата, интернет не го уништи детството. Наместо тоа децата и адолесцентите денес се повидливи од кога и да е. За прв пат во историјата тие имаат широк пристап до технологии кои им се потребни да си ги конструираат и контролираат животите онлајн. Оттаму, потенцијалната опасност веќе не е исчезнувањето на детството, туку ризикот децата никогаш да не сакаат (и да не можат) да пораснат.
„Да ја очовечиме технологијата!“ е повик кој не е нов, но кој се наметнува со сè поголема итност. Во ваквиот проект хуманистичките науки можат многу да помогнат, но само доколку се земат сериозно, а не исклучиво како извор на „финти“ за зголемување на ефикасноста и добивање уште поголема моќ.
За да нема мистерии и недоразбирања, неколку технолошки гиганти уште од сега го објавија ценовникот за лиценцирање на 5Г технологијата што ќе треба да ја користат следните генерации на смартфони.
Може да се залажуваме дека она што го читаме, слушаме и купуваме е резултат на свесна одлука дека тоа се вклопува во нашиот изграден, софистициран и индивидуален вкус. Но дали бираме ние, или некој бира за нас?
Не знаат да се изразат на македонски. Имаат концентрација на златни рипки. Не можат да издржат ни момент досада. Немоќни сме сосема да им забраниме, па смислуваме триста стратегии со кои ограничуваме или казнуваме. Има ли чаре, и за нив, и за нас?
Обидувајќи се да го спречат сè поагресивното навлегување на aнгло-саксонскиот технолошки вокабулар во францускиот, официјалните органи воведуваат алтернативи за најчестите изрази.
Што ги чека технолошките компании, како технологијата ќе се справи со напливот на лажни вести, дали велосипедските патеки полека ќе бидат освоени од електрични возила, што е тоа монопсон, како да се организираат оние кои што работат во тн. гиг економија... се некои од предизвиците во годинава што е пред нас.
Иако она што секој од нас го подразбира под „добра“ музика веројатно нема да се смени, технологијата ќе направи (како што веќе прави) да се сменат многу работи околу она „музика“. Еве неколку од начините на кои ќе треба да се навикнеме. Или не.
Некогаш најголемите меѓународни компании се занимаваа со различни работи и беа од различни земји. Денес сите најголеми такви корпоации се од ист сектор и од иста држава. И сакаат да собираат профит од сите држави а да не мораат да им плаќаат данок.
Името на источната римска империја, во форма на придавка, најчесто означува комплициран општествен систем кој функционира преку интриги, корупција и предавства. Тоа е неправедно за една култура која на светот му дала многу повеќе од тоа.
На неодамна одржаните избори во Германија од мртвите се врати една партија, чиј харизматичен лидер изгледа и се однесува како американски бизнисмен. Неговата платформа ги поттикнува сограѓаните да станат (дигитални) претприемачи и да се фокусираат на личното богатење. Зошто ваквиот техно-либерализам не поминува масовно кај германските гласачи?
Дизни на повеќето од нас ни асоцира на Мики Маус, кул цртани и играчки. Ама компанијата има и сериозна истражувачка програма, која сега наоѓа начин како да ви чита од лице дали филмот што го гледате ви се допаѓа.
За блиц но меродавно истражување на социјалната психологија на „просечниот македонски граѓанин“ не се потребни некакви квалитативни, лонгитудинални, статистички и други истражувања, со обемни буџети и комплицирани методологии. Доволно е на човека да му се падне да седи во првиот ред до ВЦ-то во оние новите, кинески возови.
По освојувањето на титулата, фудбалерите на Бенфика синоќа го подигнаа пехарот и во Купот на Португалија откако ја совладаа Виторија де Гимараеш со 2:1. До тука е сè во ред, од тука не е. Што е па сега ова?
Зборот „корисник“ во контекст на мобилни, компјутери или апликации дава лажно чувство дека тука оној кој е главен сме ние, корисниците на технолошкиот напредок кој ги овозможил истите. А дали е можно обратното, дека технологијата нè користи нас како услов за нејзиното постоење? Сè до моментот кога веќе нема да ѝ бидеме потребни, кога ќе нè шутне како потрошена батерија.
„Енкрипција“, „анонимизација“, „машинско учење“, „нет неутралност“...Технолошкиот жаргон знае да биде комплициран за оние вон ваквите професии, на кои тие треба да им бидат објаснети како на петгодишно дете. На пример - со аналогии.
Има и позабавни. И со попознати глумци. И со интересни приказни. Ама во моментов не знаеме за друга серија која поставува антрополошки позначајни прашања од оваа. Третата сезона само го потврдува тоа.