Тренерот на Баерн Минхен сака модерна револуција - фудбалери да носат наушник

Јулиан Нагелсман (роден 1987, има 34 години) е најмладиот германски тренер во Бундеслига а веќе има сериозна биографија на клупите на богати гиганти.

Од летово стана тренер на Баерн Минхен. Тргнаа Баварците побавно, ама веќе фатија залет и растураат во свој стил на секое поле.

Интересно, Јулиан Нагелсман ја заинтригира фудбалската јавност откако даде една изјава за иновација во играта.

Тренерот на Баерн Минхен веќе пред неколку сезони додека ги водеше Хофенхајм и РБ Лајпциг донесе иновативни решенија па еднаш постави голем видеобим на терен во тренинг базата со цел да им укажува на играчите што да прават, а често кориси дрон и разни современи алатки за да добие попрецизни податоци за своите ирачи.

САКА ИГРАЧ НА ТЕРЕН ДА ИМА НАУШНИК (БУБИЦА)

Јулиан Нагелсман сонува за модерно разговарање со играчите за време на натпревар и тоа со помош на слушалки/бубици.

Теоретски тоа може да се изведе уште утре, ама зошто е потребно?

А не е дека фудбалскиот свет не видел такво нешто претходно.

Во 2005-та година Вандерлеј Луксембурго, тогаш тренер на Реал Мадрид, му ставил наушник на Раул и му давал инструкции на терен. Експериментот станал можен само додека Реал играл пријателска против ѕвезден состав на американската МЛС лига. Тоа не бил официјален меч од Ла Лига.

Во тоа време фотографиите на кои тренерот му дава инструкции на капитенот Раул делуваа мошне ексцентрични.

Раул Гонзалес раскажа дека не бил баш задоволен од тоа што наместо да се посвети на теренот и противничките играчи, он морал да мисли на наушникот прилепен на неговото десно уво со помош на фластери и да слуша што му збори тренерот Луксембурго.

Шпанската фудбалска јавност тогаш сметала дека ова бил неуспешен обид за иновација и ќе заврши тука.

Година дена пред Раул, голманот на Генк Џем Мунса имал наушник во уво. Не се жалел само на двоглас, троглас и нејасни шумови туку и не можел да разбере како овој апарат би му помогнал на теренот и зошто би го носел.

Тренерот на Баерн Минхен сега пак ја отвори оваа тема.

Инаку наушник се користи редовно и одамна во американската НФЛ лига. Рагбито и американскиот фудбал се спортови во кои веќе одамна се користи оваа технологија која повеќе од дваесетина години му овозможува на тренерот да збори со квотербековите и други играчи.

Прашање е дали во фудбалот би имало смисла капитенот или некој друг играч на теренот да има наушник и дали тоа ќе ја подобри играта?

Јулиан Нагелсман првпат зборувал за оваа револуционерна идеја во интервју за Münchner Merkur. Он ја објаснил својата позиција на петочната прес-конференција пред мечот со Бохум во Бундеслига (7:0 триумф на Баерн Минхен).

„Луѓе на Инстаграм ми пишуваат дека ги вознемируваат моите крици за време на натпреварите. Ако би имал гарнитура (наушник) не би морал да се дерам. Тоа е добитна ситуација за сите“, рекол Нагелсман и додал:

„Буквално, во НФЛ и американски фудбал, квортербекот го слуша тренерот на теренот преку наушник. Фудбалот денес и можел да црпи голема инспирација од НФЛ. Фудбалот денес ни е многу традиционален и конзервативен. Мислам дека понекогаш промашуваме некои шанси во областа на фудбалот, но исто имаме прилики да го направиме нашиот спорт многу помодерен

Едно е сигурно, денес тренерите многу викаат и свират за време на натпреварот. Често мавтаат со раце и трчаат по аут линијата скоро уште и да влезат самите во терен. Според тренерот на Баерн Минхен, правилен разговор и кратка инструкција може да биде од голема помош за екипите.

Тренерите се трудат да си го олеснат животот. Фудбалот треба да биде отворен кон технологијата но од навивачка точка на гледање, не е сигурно како би поминала ваква една идеја. Зошто фудбалот не е видео игра ФИФА каде можеш да го управуваш играчот каде и кога сакаш.