Кога луѓето се ваделе од памет од притискање копчиња

Денес секојдневниот контакт помеѓу човекот и машината - преку притискање прекинувачи - во доцниот 19 век предизвикувал социјална анксиозност од невидени размери.

Ѕвонче на влезна врата. Домофон. Викање лифт. Некогаш одамна, во доцниот 19 век, притискањето копче кое активирало вакви апарати било необично ново искуство, предизвикувајќи чудење, страв и општествена трансформација.

Луѓето се грижеле дека притискањето на копчето ги атрофира човечките вештини, нешто за што излегува дека биле сосема во право. Исто така биле во право дека со напредувањето на технологијата самите корисници немало веќе да знаат да ја одржуваат и поправаат како што некогаш се поправала покуќнината или механичките алатки. Токму така и гласеле рекламите на компаниите кои продавале автоматизирани направи. „Вие притиснете го копчето, ние ќе го сториме останатото“, бил познатиот слоган за камерите Кодак. 

Прекинувачите за вклучување и исклучување се појавиле на пазарот во 1880-тите. Како и со голем број други технолошки иновации, и тие имале различни форми - некои личеле на клавиши на музички инструменти или на типки од машини за куцање. Пред електричната енергија, таквите копчиња активирале механизам на федери или лостови.

Продавачите на апарати со прекинувачи имале проблем да се одлучат дали во рекламирањето на новите машини да се фокусираат на малиот напор за управување - само преку копче - или сепак да ја образуваат јавноста за да нема зазор од технологијата. На состанок на Националнaта асоцијација за електрична енергија на САД во 1921 извршниот директор М. Х. Ајлеворт се обидел да ги убеди претставниците на бројни фирми од областа на енергетиката дека нивната промотивна тактика е погрешна и дека муштериите треба да сфатат дека не е во прашање никаква магија, туку дека зад копчето се одвиваат процеси кои се овозможени од трудот и иновативноста на компаниите, нешто за што треба да се плати. 

Оние кои го доведувале во прашање развојот во правец на сè поголема автоматизација сепак биле сомничави и се грижеле и за моралните аспекти, дека притискањето обично копче го ослободува оној кој го користи од одговорноста за она што се случува позади копчето. Нешто што одѕвонува и денес, повеќе од еден век подоцна, со оглед на бројните копчиња и типки кои можат да активираат, со едно обично „он“, нешто што ќе личи на крајот на светот.

извор

29 септември 2022 - 08:01