
Мелиса Ванг признава дека ѝ било страв да му отвори на дечкото кој на камера ѝ покажува дека е дојден со новчаникот кој нејзиниот сопруг тие денови го изгубил некаде на автопат. Неколку стотици долари, кредитни картички, документи....
„Тажно е што не му верував за да му отворам врата а беше дојден со најдобра намера. За жал, таков е светот во кој живееме“, напиша претпазливата домаќинка од Калифорнија која подоцна го нашла момчето и го наградила за убавиот гест.