Во 1964-та година, двајца австралијански научници првпат го испитуваат феноменот на мирисот после дожд и за таа цел го коваат терминот петрикор, од грчките петра – камен и икор - крвта на боговите според митологијата.
Во тоа и подоцнежните истражувања се утврдува дека главна причина за тој толку препознатлив мирис е мешавината на масла кои растенијата ги испуштаат во сушниот период. Се претпоставува дека основна функција на овие масла е да го заштитат семето од сушење во таквите периоди. Тие се кумулираат во почвата и камењата и кога ќе дојдат во допир со вода, го испуштаат својот мирис.
Во влажните шумски површини битен дел од мирисниот мозаик е геосминот, хемикалија која ја произведува една бактерија и која во допир со влажен воздух мириса на – шума.
Велат дека сличен мирис може да се предизвика превртувајќи влажна земја бидејќи геосминот се таложи во почвата а човечкиот нос може да детектира и најмали трагови од него (5 делови во билјарда ни е доволно да го препознаеме).
Трите атоми на кислород од кој е составен озонот исто така има влијание врз мирисот, особено после грмотевици.
Надвор од хемиските равенки, сосема друго е прашањето зошто тој мирис на дожд ни е пријатен. Антрополози претпоставуваат дека се работи за еволутивно наследство. Дождот асоцира на плоден период од кој директно зависи преживувањето на луѓето, и за да растат хранливите растенија и добитокот да не поцрка од жед. Феноменот го нарекуваат "културна синестезија" и значи мешање на различни сензорни доживувања во една заедничка категорија.