Во 2011, Кејт МекЛин, дизајнер и картограф, како тогашна студентка по уметност, почнала да се занимава со сетилните аспекти на урбаното доживување. Прв проект ѝ бил „сензорната" мапа на градот во кој студирала, Единбург. Следеле мирисни мапи на уште пет градови, меѓу кои Њујорк, Амстердам и Париз.