Гаџети

Вибратор за слабеење

Инженери дизајнирале вибрирачка пилула за слабеење која може да создаде чувство на ситост. Капсулата е со големина на капсула мултивитамин, а во експериментот со свињи, го намалувала апетитот на животните. Пилулата останува во дигестивниот тракт четири до пет дена, со тоа што, после тоа, од веце шољата ќе слушнете едно „цангрр“, пошто од себе ќе испуштите моторче со батерија.

Кој сè ве шпионира по дома?

Осомничените не ги барајте само во паметните телефони и таблетите. Ниту пак меѓу комшиите кои можеби дремат со чаша на уво наслонета на вашиот заеднички ѕид. За паранојата да биде поголема, помислете на вашиот нов телевизор, или смарт звучници, па дури и машина за перење. 

Холандија забранува мобилни во училница

Холандската влада им порача на училишните власти да ја разработат препораката заедно со наставниците и родителите па ако догодина се видат позитивни резултати, ќе се воведе трајна забрана за уреди кои им пречат на учениците да се фокусираат на наставата.

Кога другите диети ќе потфрлат: Катанец за вилица

Се рекламира како „прв во светот“ и станува збор за уред кој ви ги затвора вилиците и ве принудува да користите само течна храна. За жал на оние околу вас, ќе можете да зборувате.

Оксиметрите се некако - расистички

Популарните мали уреди кои личат на штипка и го мерат нивото на кислород во крвта, според една нова студија имаат три пати поголеми шанси да покажат погрешен резултат ако му мерат кислород на црн човек. 

Рака која стиска, не се суши

Научници од јапонскиот Универзитет Гифу креирале роботска женска рака за осамени мажи. Дека ним им треба да сменат рака, тоа е јасно, ама оваа ја скроз утнува поентата. Ќе имало и верзија за жени и ќе мирисала малку на моторно масло, малку на скара. Да, вакцина за корона сè уште нема.

Не е зависноста од смартфонот, пострашно е

Не е виновен смартфонот кој го имаме, ниту таблетот ниту пак лап-топот. Она што нè убива во поим е нашата потреба од повратни реакции и постојани микро-награди кои дотураат допамин во нашите - жедни за внимание -  мозочиња.   

Смартфон во раце на Трамп (по дефиниција) е опасна работа

Доколку новоизбраниот претседател на САД инсистира да го задржи сегашниот телефон, тоа ќе биде сериозен ризик за безбедноста на земјата, порачуваат експерти. А и општото правило вели дека на будала не му треба паметен телефон.

Гаџет на денот: Душкач на храна

Идиократијата е во полн залет а науката со полна пареа го билда конзумеризмот и глупоста која веќе не верува ни на сопствениот нос. Го ставате ова пластично чудо на нос, се приближувате до месо и тоа ви вика: "Јас ова не би го јадел".

Хартија главата ја чува

Личи на евтин новогодишен украс од кинеско производство но оние што ја доделуваат една од најпосакуваните дизајнерски награди ваљда знаат што прават. Според нив, годинава не се видело ништо подобро од хартиен шлем за велосипедисти.

Кларксон ги избра 10-те најлоши автомобили

Колите можат, и треба, да бидат многу повеќе од превозни средства, и ако производителите продолжат да мислат дека не можат, тие сами го предизвикуваат својот крај. Еден ден Гугл и Убер и Епл ќе создадат машини без возачи што евтино и безбедно ќе не носат од место до место, и сите ќе се возат во нив освен ако постојните производители не најдат начин како да нè воодушеват и возбудат, појаснува Кларксон околу потребата од создавање возбудливи автомобили.

Прашај ме колку е саат

На човечката потреба да се курчи со работи кои не може да си ги дозволи често одлично се заработува. На овој бизнис со рентање луксузни часовници инвеститори типувале со осум милиони долари.

Што стана со нашето фрижидерче?

Читател нè потсети дека пред две години пишавме за пикник фрижидерче од Кикстартер. Ги проверивме наодите како тоа стои денес и јасно ни е зошто никогаш нема да заштедиме пари: затоа што многу бргу се палиме.

Електрошоковите се враќаат, и вие ќе платите за нив

Хоророт од научните лаборатории од 19-от век се враќа на сцената, сега фино спакуван во допадлив минималистички дизајн. "Хало" изгледаат како слушалки а основна функција им е да ти пуштаат струја во мозок. Како зошто? Па исто како и во 19-от век: за твое добро. 

God Save the Apps

Најбучниот фронтмен на панкот, анархијата и бунтовничкото непомирување со општествените норми се заиграл и спичкал 15.000 долари на апликации за Ајпад.

Покажи колку го сакаш Путин, Ајфон издание

Избираш регуларен Ајфон 5S, и својот наклон го изразуваш со тоа што италијанска компанија му додава златна плочка на задната страна, изгравирана со портретот на Путин, за цена од 4.000+ долари.

Телефонот излезе од своја кожа

Наместо да го кршите Ајфонот кога ќе ве изнервира Флапи Брд, ќе можете да ја искршите масата на која играте. Поефтино е.

За вистината подолго да трае

Кислород е сечиј пријател, освен ако не сте вино. Ништо не го убива виното како долг контакт со кислород во отворено шише. Овој гаџет ја боде тапата, го заменува кислородот со аргон, па можете само да го пробате виното и да решите дали му е време да се отвора или треба уште некое време да одлежи.

Апликација за самоуништување

Апликацијата речито говори за состојбите во модерниот свет. Не е проблем што луѓето се почесто стануваат говна кои би злоутребиле она што си им пратил, проблем е како технички да ги надитриш.

Критична маса картон

Картонски кациги се новата надеж за чување на главата на велосипедистите. Инспирирани од клукајдрвецот а изработени како кај пчелите.

МИТ повторно го измисли тркалото

Изумот е производ на заедничката работа на највелосипедскиот град на светот, Копенхаген, и на некои од најпаметните луѓе на светот, МИТ.

Преведувач за в џеб

Покрај парите, јазичните бариери веројатно се едни од побитните причини поради кои Македонците се снебиваат да шараат малку почесто низ светов. 'Сигмо' го решава тој проблем. Ваш личен гласовен преведувач, сместен во мало кутивче.

Узми цевку и работи

Следнава вест владиката Петар би ја проследил со коментар: "Жените или ќе го стегнат светов или ќе го доотшрафат"

Како станав папучар

Кај нас можеш и буре вино да истркалаш ама на влез на концерти во странство речиси да нема шанса да прошверцуваш алкохол со себе. Речиси. Маката ги натерала досетливите да најдат чаре.