Во ерата на пандемијата на новата респираторна болест, пулс оксиметрите се драгоцена алатка која прва сигнализира дали на човек му треба итна медицинска нега. Уште од самиот почеток на глобалната белја тие се користат како индикатор за состојбата на пациентот а се охрабрува да се има и дома.
Но, во случај на црни пациенти, ови уреди покажуваат грешни резултати во повеќе од еден од десет случаи, наведува студија неодамна објавена во угледен медицински журнал.
Ваквите наоди дополнително ја зголемуваат загриженоста затоа што пандемијата и онака диспропорционално повеќе ја погодува црната и хиспано популација во САД што го актуелизираше прашањето за расните предрасуди во здравствениот сектор кои се поткрепуваат со случаи кога акутно болни црни пациенти биле одбивани или пак им доцнела медицинската нега.
Пулмолози кои долго време користат оскиметри се апсолутно збунети од различните покажувања на оксиметрите и немаат идеја на што би можело да се должат расните разлики во мерењата.
Пулс оксиметрите фунционираат со две бранови должини на светлината, црвена и инфра-црвена, кои минуваат низ кожата на прстот. Уредот ја регистрира бојата на крвта која зависи од количеството кислород во неа. Онаа која е богата со кислород е светло црвена како цреша, додека онаа со помалку кислорот оди кон виолетова. Истражувачите се сомневаат дека неточните читања се должат на тоа како светлината се апсорбира во кожа со потемни пигменти.