Од пред неколку дена во продажба се пуштени овие слушалки зад кои стои стартап со сериозни инвеститори.
Претходно биле тестирани од професионални спортисти од американскиот безбол, НФЛ и репрезентативци во скијачки скокови. Кај последниве биле утврдено дека перформансите на тренингот кај оние кои ги користеле биле подобрени за 31 процент за разлика од оние кои тренирале без нив, кои имале 16 процентен успех од тренинзите. А токму таа разлика може да биде она што разликува шампион од учесник.
Хало се темели на стара медицинска идеја и техника со која се експериментира уште од 19 век (транскранијални електро стимулации). Лоша вест за мрзливите е дека бенефит има само ако се користат заедно со спортски тренинг. Електричните пулсови ги дразнат невроните да бидат поефикасни со што му се помага на спортистот побрзо да совлада некоја техника. Заради ова, уште сега изумот се нарекува невро-допинг.
Основачите велат дека еден ден ќе има и други верзии на производот кои ќе пуштаат струја во други делови на мозокот па ќе стимулираат други мозочни активности. Еден од нив своевремено најави дека нивниот производ би можел да го забави когнитивното стареење за цели 25 години.
Хало сега не е ефтин и чинат 549 долари. Но со оглед на општиот закон за намалување на цената на гаџетите, не е далеку денот кога ќе коштаат 100-тина долари.
Со таа цена не е тешко да се замисли како амбициозни родители им ги купуваат на своите деца за да ги максимизираат нивните училишни перформанси, или како зафатени јапии затнати во носот не шмркаат кока туку се частат со струја во мозок за да ја издржат напнатоста на нивниот бизнис.
Тесла, јебем те радознала.