Зошто апаратите за домаќинство не траат како некогаш?

Секој знае дека апаратите за домаќинство не траат толку долго како порано. Но, дали оваа консензуална мудрост е навистина реална? Или тоа е само една од оние убави приказни што сакаме да си ги кажуваме за да се сетиме на старите добри времиња? 

Медиуми обично интервјуираат техничари за поправка, кои раскажуваат убедлива верзија. Апаратите изградени во 1970-тите обично траеле триесет до педесет години. Денес, машините за перење, печките, фрижидерите и сушарите се заменуваат секоја деценија. Мајсторите го посочуваат притисокот кон компјутеризација, зголемувањето на бројот на поединечни компоненти и употребата на послаби материјали како пластика и алуминиум наместо челик. Резултат на овие трендови се апарати кои почесто се расипуваат и се потешки и поскапи за поправка. 

Но, каде се поконкретните податоци и докази? Изненадувачки е тешко да се најдат. Истражувачите Камила Крич и Јохан Берг Петерсен од Катедрата за енергетско и процесно инженерство на Норвешкиот универзитет за наука и технологија се обиделе да ја пополнат празнината.

Тие го проценувале животниот век на фрижидерите, замрзнувачите, машините за перење, машината за сушење, за миење садови и печките во Норвешка помеѓу 1940 и 2022 година. 

Во 90-тите години имало промени, те на добро те на лошо, ама биле статистички незначителни. Ама затоа од почетокот на 2.000 животниот век на белата техника нагло опаѓа: од 19,2 на 10,6 години (–45%). Постарите апарати траеле до 30 години додека модерните до 15 (фрижидери, рерни, сушари машини за алишта или садови) или до 20 (замрзнувачи).

За тоа има технички, економски и социјални фактори (или комбинација од нив). 

Од техничка страна, зголеменото потпирање на електричните делови, како и додадените функционалноста и карактеристики, можеби ја попречиле долговечноста, шпекулираат тие. Економски, се забележува дека производителите на уреди со децении се стремат да ги намалат цените. Во Норвешка, за последните десет години тие поевтиниле во просек за 12%. Оваа трка за помали цени може да го намали квалитетот. Исто така, има нешто и во аргументот дека новите апарати се претерано дизајнирани и потешки за поправка. На овој план, Европската унија воведе „право на поправка“ кое бара од производителите да нудат  резервни делови најмалку десет години и да ги дизајнираат нивните машини да можат да се поправаат со секојдневни алатки. 

Но, Крич и Петерсен, понудија уште едно, изненадувачки едноставно објаснување за падот на животниот век на машините за перење: ги користиме повеќе отколку порано

„Просечно норвешко четиричлено семејство вртеше по два циклуса на перење неделно во 1960 година, но осум во 2000 година. Оваа промена во навиките за перење алишта е во согласност со општата промена во тоа како се перципира чистотата во западните земји“. 

 

23 март 2025 - 10:10