ДенталСлим е уред за диетална контрола кој треба забар да го монтира на задните заби (петки, шестки, кој што има) и му ги затвора вилиците на корисникот кои можат да се отвора само два милиметра што го принудува човек на течна храна.
Двата милиметра се доволни и за зборување, што значи дека човек може јасно и гласно да каже „Колку сум глуп, не ми е верува.“
Уредот е развиен од истражувачи од Универзитетот Отаго од Нов Зеланд и се состои од два прстена кои се заклучуваат. Иако инсталирањето и деинсталирањето на оваа средовековна орална опремата треба да ја изведува стоматолог, корисникот добива клуч за отворање доколку треба интервентно да си ги ослободи вилиците.
Доброволците кои учествувале во тестирањето, во просек изгубиле по околу 7 кила за две недели.
Во 80-тите години на минатиот век популарни беа цели арматури за заклучување на вилици но се испостави дека се опасни бидејќи човек може да се задави при повраќање а и без тоа, по некое време страдаат непцата.