Зошто би праќал текстуални пораки или фотографија на некој за кој се сомневаш дека може нив да ги злоупотреби и да те преебе?
Не е баш најјасно ама тоа се случува масовно, судејќи по огромниот успех на апликациите во чија суштина е претпазливоста и сомничавоста кон оној со кого комуницираш.
На таа финта Снепчет (сервис за праќање фотографии кои примачот не може да ги сочува) дојде до понуда да биде купен за три милијарди долари што го одби.
A oва е Confide, бесплатна апликација за праќање текстуални пораки кои потоа се самоуништуваат. Примателот добива порака со скриени зборови. За да ја прочита пораката, треба да мине со прстот преку полињата. Како се преоѓа на следната буква, претходната буква се гаси.
Кој разбра, разбра.
Ако примачот проба да направи повеќе од три снепшота отворајќи ја пораката, се исфрла од игра а праќачот добива нотификација за обидот неговата порака да биде сочувана.
. . . . . . (повеќе)