И како Ротен и како Лидон, Џони секогаш знаел да претерува, само што сега целта не му е да го урниса кварниот естаблишмент и да ги тргне лажните авторитети од нивниот општествен трон туку да помине ниво на Game of Thrones.
"Последниве две години како идиот сум навлечен на игрици. Не проверував но кога ја ѕирнав сметката, видов дека за нив сум поарчил преку 15.000 долари," изјави за британски Телеграф поранешниот лидер на Секс Пистолс.
Најмногу се попалил по Game of Thrones, Game of War и Real Racing.
Патем, Game of War е бесплатна а Real Racing се купува за само 2,99 долари но и двете игри се базираат на бизнис моделот наречен "фримиум' кој на корисниците им дозволува да напредуваат во играта ако за ситни парички си ги набавуваат потребните (а крај нема) алатки и зезалици.
Ваквите in-app набавки знаат за брзо време неосетно да набилдаат сметка. Годинава Епл мораше да плати 100 милиони долари за да го среди спорот со Американската трговска комора околу случајот со родителите чии деца потрошиле илјадници долари за апликации без нивно одобрение.