Таг: апликации

Будисти: да ги мафнете апликациите за медитација од будизмот

По анализа на стотици апликации поврзани со будизмот, двајца изучувачи на будизмот заклучуваат дека овие апликации во основа само ја засилуваат зависноста од технологија, а плус на тоа не го олеснуваат стресот.

Обемна и детална листа на алатки за дизјан (графички)

На страна изобилието, веројатно најважно е што листата е редовно одржувана, дополнувана и прочистувана ако има потреба. Има 35 категории со алатки за дизајн, скоро и да нема нешто што е прескокнато, и секоја од нив полна со пристоен број помагала објаснети со по неколку зборови. Заслужен букмарк.

Најдоброто од Гугл плеј за годинава

Изборот е поделен на неколку категории, две важни: најдобра апликација и најдобра игра; и уште неколку ставки како филм, музика и сродни мултимедијални содржини што Гугл се обидува да ги истурка во својата продавница.

Нетфликс е апликацијата што направи најмногу пари во 2017, а да не е игрица

Титулата е во збирна конкуренција, од пари направени во Ап стор на Епл и на Гугл плеј заедно. Нетфликс апликацијата за годинава има раст од 138% и од претплати има собрани околу 510 милиони долари.

Апликации кои те потсетуваат дека ќе умреш

WeCroak (достапна за iOS за 0.99 долари) е апликација базирана на поговорка од Бутан, која вели дека за да се биде среќен, човек треба да мисли на смртта барем пет пати дневно. Звучи како корисна алатка за годината што претстои.

Твоите апликации те прават мизерен

Не постои една единствена апликација за смартфон која прави подобро да се чувствуваш ако на нејзе трошиш повеќе време, отколку помалку. Вклучително ни апликации за музика.

А ќе речеш не може нешто да е поглупо од спинер

Како не може, а смартфон апликација за спинер? Виде. Без никакви предрасуди ја има и за Ајфон и за Андроид, па кој сака нека врти вртиуелно.

Гугл би да ги дигитализира вашите стари фотки

Во теорија исто е како да ставиш која било стара слика пред телефон и да ја сликаш. Во пракса Гугл го има малку разработено целиот систем, па те тера да фотографираш четири различни делови од сликата кои после го спојува во совршена копија.

Спасете ја планетата, една апликација по друга

Неделава луѓето можат да сторат нешто конкретно за спасување на планетава со тоа што што нема нишѓо да сменат од она што вообичаено го прават. Да си кркаат апликации

God Save the Apps

Најбучниот фронтмен на панкот, анархијата и бунтовничкото непомирување со општествените норми се заиграл и спичкал 15.000 долари на апликации за Ајпад.

Математика за дрва по математика

Пред години и години (кога ние бевме млади) моливите со таблица за множење беа врвното достигнување во светот на криминално решавање тестови / писмени по математика. Ова што го имаат денес прави ние да изгледаме како да сме живееле во турско, ама на почетокот. Ви преставуваме апликација за решавање задачи од книга.

Провери колку не си зависен од мобилниот

Дојдовме до момент во човештвото кога стана успех да издржиш 30 минути без да пипнеш телефон. Апликација (иОС / Андроид) на тема продуктивност / фокусираност ви дава да насадите дрво на кое му требаат 30 минути за да порасне. Кога ќе порасне оди кај вас во шума. Ако во овие 30 минути го пипнете телефонот, дрвото згинува.

Има премногу апликации и никој не прави пари

Новиот американски сон одеше фино: ќе скоцкаш апликација која прави нешто банално и ќе згрнеш тон пари. Но, податоците велат дека златната грозница е срушена за многумина и дека ако имате апликација, таа најверојатно нема да успее.

Kaко умре Е-то?

Долго време сметана за највлијателната буква во латинската абецеда, Е на преминот на векот беше главна фраерка во дигиталниот свет. Е-ова, е-она...ама во последниве години почнаа да не ја играат.

Читатели или гејмери?

Како што наближува крајот на годината, така почнуваат да се појавуваат списоци на „нај" книги за 2013. Но најзначајната можеби никој нема да ја спомене. Зошто? Затоа што таа не е книга туку - видео игра.

За апликациите и зошто таблет магазините не успеваат

Не е дека таблетот е лош за читање, бидејќи апликациите како Зите, Флипборд, Фејсбук и Твитер, одлично си ја вршат работата и се главен извор на информации, проблемот е што поединечните апликации за магазини најчесто стојат како украс меѓу останатите апликации.