А ќе речеш не може нешто да е поглупо од спинер

Како не може, а смартфон апликација за спинер? Виде. Без никакви предрасуди ја има и за Ајфон и за Андроид, па кој сака нека врти вртиуелно.

Се гледа дека позади нејзе стојат спремни момци што знаат како треба, па вртењето е придружено со сите виртуелни бескорисни додатоци: броење вртења, собирање пари, апгрејдување, шминкање на спинерот, кој е најдобар и слично.

Моментално е број 1 бесплатна апликација во Епл апп стор, пред Снапчат, Јутјуб, Фејсбук.

Тука за Ајфон, тука за Андроид.

26 мај 2017 - 15:45