„Ова е ден што го чекав 2,5 години,“ се зборовите со кои Стив Џобс на 9 јануари 2007 ќе ја почне презентацијата на која ќе го претстави првиот Ајфон во историјата. Неполни 15 години подоцна Епл стана првата компанија во историјата што ќе достигне вредност од 3.000 милијарди долари, главно на грбот на Ајфон и целиот еко-систем што го создаде околу него.