„Денес претставуваме 3 револуционерни производи. Првиот е Ајпод со широк екран со контроли на допир. Вториот е револуционерен мобилен телефон. И третиот е епохален интернет комуникатор...
... Ова не се три одделни уреди, ова е еден уред и го нарекуваме - Ајфон,“ ќе објави Стив Џобс пред преполната сала на МакВорлд конференцијата.
Иако секоја нова генерација на Ајфон носи свој значителен технолошки напредок, за вистински да ја цениш револуционерноста на Ајфон неопходно е да имаш користено мобилен од времето пред Ајфон. На презентацијата Џобс ја гази конкуренцијата во смартфоните, и (со право) објаснува дека тогашните смартфони не се ни нешто посебно паметни, ама се посебно тешки за користење, дури и потешки од тогашните обични мобилни. За разлика од неговиот Ајфон.
Неколку статистики околу уредот кој најмногу го промени начинот на живот во 2000-те:
- Најскапата верзија на првиот Ајфон, со 8 гига меморија, чинеше 599 долари. Ајфон 13 Про Макс со 1 терабајт меморија чини 1.599 долари.
- Оригиналниот Ајфон имаше една камера. Ајфон 13 Про има четири камери.
- Во 2007 не постоеа следниве компании: Инстаграм, Убер, Тикток, Твич, Снап, Тиндер, Слак и Пинтерест.
- Во 2007 пазарната вредност на Епл (вкупната вредност на Акциите на Епл) беше 174,03 милијарди долари. На 3-ти јануари таа достигна 3.000 милијарди долари.
- Во јануари 2021 Епл објави дека има 1 милијарда Ајфон телефони кои во моментот се активно во употреба (бројка што не ги опфаќа сите застарени, уништени и фрлени Ајфони низ годините).
- До сега имаше 33 модели на Ајфон, од кои Епл моментално продава 8.
- На првиот Ајфон не можеше да се снимаат видеа.
- Ап стор е отворен на 10 јули 2008 со 500 апликации. Денес на Ап стор има 1,8 милиони апликации.
- Во 2007 на Епл му требаа 74 дена (два и пол месеци) за да го продаде првиот милион Ајфони. Само во 2018 Епл продаде 216,7 милиони Ајфони.
Скратена верзија на презентацијата на Џобс:
Целосната презентација од 9 јануари 2007: