1. Ножевите треба да бидат остри.
2. Стави мокра виледа или бришач за раце под даската за сечење ако ти се клати.
3. Лупалката за зеленчук не е само за лупење.
4. Мелницата за бибер може да има „потенциомер“
5. Лук не се лупи, се крши.
6. Не го сечи коренот на кромидот.
7. За најголем број рецепти задолжително треба загреано тавче или рерна.
8. Кога готвиш секогаш до тебе имај чинија за отпад.
9. Никогаш на јајца не им додавај сол пред готвење.
10. Секогаш кога готвиш месо гледај да е на собна температура.
11. Протриј лута пиперка низ раце пред да ја исечеш, за да ги извадиш семките.
12. Ако ти останат лути пиперки, врзи ги со конец и остави ги да се сушат во кујна.
13. Чили оди со чоколадо или свежо овошје (!?).
14. Ако ти горат прстите од работа со лути пиперки, измиј ги со лимонов сок.
15. Чили оди и во коктели.
16. Кора од лимот се ренда на ситно ренде со долги движења. Ако стигнеш до белото, тоа горчи.
17. За подобро сецкање или толчење лук додади малку сол.
18. За помалку да ти оди фира од ѓумбирот, лупи го со лажичка. Или воопшто не го лупи, само добро измиј го.
19. Никогаш не фрлај лушпа од ванила.
20. Кога толчиш зачини ако ти остане нешто можеш до 2 месеца да ги чуваш во тегла.
21. Совршен ориз. Басмати, 400 грама, да се измие пред готвење (да се додаде кардамон, анасон), 600 мл вода (1 спрема 1,5), секогаш да се почне со ладна вода, и ставаш капак. Го креваш до зовриравање што е можно побрзо, ја намалуваш температурата и ја оставаш да крчка 8 до 10 минути. За цело време ни еднаш не го креваш капакот.
22. Ако остане ориз наместо фрлање можеш да направиш салата или со јајце.
23. Вода и лимон спречуваат јаболко, авокадо или компир да потемнат.
24. Зачински билки во чаша со вода можат да останат свежи до една недела.
25. Ако имаш останато зачински растенија можеш да ги искористиш за правење ароматично масло за јадење.
26. Паста се готви во големо тенџере за да има доволно место за рамномерно да се свари. Зачинувањето на водата (сол, зејтин) е пред да се стави на оган. Пастата се додава во зовриена вода.
27. Наместо фрлање стар леб, можеш: блендирање за презла, на коцки за крутони, на залци за салата.
28. Леќа и наут се зачинуваат на крај од готвење.
29. Совршени варени компири се ставаат да се варат во ладна вода, не во зовриена.
30. Кога веќе вариш компир стави повеќе, има што да се прави и со остатокот.
31. Вадење кожа од лосос. Гордон вика дека е изводливо.
32. Со нож провери во контра правец, каде има коски во рибата за да ги извадиш со пинцета.
33. Со незготвените остатоци од риба, може да се направи чорба.
34. Стави зеленчук во тавче со путер, малку сол и без вода, и готви го долго на ниска температура.
35. Свари го компирот пред печење и испрскај го со семолина брашно за да добиеш крцкави печени компири.
36. Пред печење месо забриши ја влагата со бришач за раце.
37. За туна (а и скоро секое) карпачо, замрзни го месото пред сечење.
38. Останатото вино што планираш да го користиш за готвење замрзни го на коцки.
39. Кога замрзнуваш манџи не го преполнувај садот, остави место за да се рашират.
40. Фејк домашен сладолед: купи квалитетен сладолед од ванила, стави го во сад и додај му вкусови по желба, па замрзни го.
41. Ако ти остане лимон, исечи го на филии, и замрзни го. Подоцна можеш да го користиш како мраз за разладување пијалоци.
42. Можеш и сам да исечеш кокошка, не мора на делови да ја купуваш. Само треба да ги најдеш зглобовите.
43. Ако сакаш да не ти горат дрвцата кога правиш ражнич, стави ги прво во вода.
44. Маринирање може да биде и во пластична кесичка.
45. За да извадиш максимум сок од лимон прво истркалај го неколку пати преку работна маса.
46. Една лага околу тоа како да осетиш до каде е месото што го готвиш.
47. За побрзо готвење месо (и повеќе сокови впивање) направи му неколку зарезоци.
48. За да не ти се флекаат пластичните садови, премачкај ги со масло пред да ставиш месо, сос, манџи во нив.
49. Има нешто што се вика чили-шери.
50. Семките од свежи пиперки можеш да си ги посадиш ако сакаш.