Моделот ЧетГПТ секој ден одговара на 2,5 милијарди прашања на повеќе од 800 милиони редовни корисници. Вештачката интелигенција му овозможува да се интересира подлабоко за темата за која го прашуваат и да поставува потпрашања, за разлика од интеракцијата со „прост“ пребарувач, кој како одговор дава список од веб-страници.
Поради специфичниот алгоритам, многумина го сметаат ЧетГПТ за вистински (во екстремни случаи и за единствен) пријател и имаат целосна доверба во него, го користат како личен психолог или правен советник. Со тоа тие несвесно се изложуваат на ризик дека чувствителните информации може да протечат до непознати бази на податоци, од кои може да бидат злоупотребени.
Претходните верзии на ЧетГПТ овозможуваа напади за откривање истории на комуникации со други корисници. Друг безбедносен пропуст беше тенденцијата на пребарувачите да индексираат споделени разговори од ЧетГПТ и да ги прават достапни за јавност.
Ризикот значително се намалува со примена на основните правила за дигитална хигиена – пристапот во комуникацијата да биде како со непознато лице. Експерти за кибернетска безбедност издвојуваат пет типа податоци што никако не треба да му се кажуваат на ботот.
1. Лични информации
Истражување на Cyber Security Intelligence, кое опфатило 1.000 јавно достапни разговори на ChatGPT, покажало дека корисниците при составување биографија или други документи често споделуваат целосни имиња и адреси, броеви на лични карти, телефонски броеви, адреси на е-пошта и кориснички имиња и лозинки. Овие информации може да бидат злоупотребени ако случајно или при напад дојдат до погрешни раце.
2. Финансиски детали
Луѓето често го користат ChatGPT како советник за лични финансии при креирање месечен буџет или стратегија за штедење. Иако ЧетГПТ може да биде корисен, но нема потреба никогаш да се споделуваат лични детали како броеви на банкарски сметки, кредитни картички и даночни евиденции. Откако ќе се внесат, тие информации постојат надвор од заштитните мерки што нормално се применуваат за финансиски податоци.
3. Медицински состојби
ЧетГПТ постојано се користи како виртуелен дијагностичар за разни здравствени проблеми. Како прво, моделот со ВИ се уште прави грешки, што може да доведе до користење погрешни лекови. Второ, информации за дијагнози, резултати од тестови, медицинска историја или проблеми со менталното здравје може брзо да станат чувствителни, особено кога се комбинираат со информации за идентификација. И тие ќе постојат надвор од мрежите за заштита на здравствените податоци, што значи дека корисниците имаат мала контрола како се ракува со нив.
4. Работни документи
Ризично е со ЧетГПТ да се водат разговори за доверливи материјали поврзани со компании, работодавачи, клиенти или тековни проекти. Иако ВИ може многу да помогне, чувствителните информации не случајно се издвојуваат како деловна тајна.
5. Сè што може да е нелегално
Споделувањето информации за нелегални активности или кривични дела со ЧетГПТ всушност претставува признание на суд. Опен АИ попушта на сите барања од властите за проверка на законски процеси и се усогласува со меѓународни барања. Со брзите промени на законите, легална постапка денес може да стане криминал утре. Особено ризични се прашања како да се извршат измами и дела за заобиколување на законите.