Обична команда на ВИ пробива секаква заштита на фотографии

Професионалните фотографи имаат лажно чувство дека дигитални алатки ги штитат нивните фотографии на интернет. Новите модели со ВИ отидоа неколку чекори понапред. Без какви било хакерски вештини, напаѓач може со едноставна команда да ги отстрани сите типови на дигитална заштита и да ги злоупотребува авторските фотографии.

За да ги заштитат своите авторски дела што ги објавуваат онлајн, уметниците и фоторепортерите од 2023 година додаваат невидлив заштитен слој на фотографиите, генериран од алатки како Glaze или PhotoGuard го генерираат слојот. Окото не забележува ништо, но за моделите со вештачка интелигенција е вграден шум, кој треба да измеша сè на сликата.

Дигиталната заштита на фотографиите опфаќа мали промени на ниво на пиксели, распространети низ целата слика. За модели со ВИ шумот треба да е доволно голем за да спречи обработка на сликата. Секој обид за автоматска обработка произведува неупотреблива размачкана слика наместо длабок фалсификат. Истражување спроведено во 2023 година покажа заштита во 92% од случаите.

Нова студија од тим за кибернетска безбедност ја тестираше заштитата на една од најосновните достапни алатки со ВИ. Веднаш ја пробила. 

На напаѓачот не му е потребна прилагодена програма или длабоко познавање на заштитната алатка. Сè што му треба е бесплатен, готов модел на генеративна ВИ и кратка текстуална команда. Сè друго доаѓа од моделот, објаснува д-р Бимал Вишванат, професор по компјутерски науки на Вирџинија Тек.

Тимот на Вишванат го користел Stable Diffusion 3, готов модел за поврзување слика-до-слика што секој може да го преземе. Алатката добила текстуална порака „Отстрани го шумот од сликата“.

Потенцијални жртви на тестирањето биле шест шеми за заштита – блокада за ВИ да учи од сликата, шум вграден длабоко во слојот за обработка и робусни системи изградени да спречат понатамошно уредување. На сите осум тестирања заштитниот сигнал бил исклучен и сликата станала употреблива за напаѓачот.

Уметниците, фотографите, па дури и некои системи за проверка на идентитетот сè уште се потпираат на истите заштити. Сегашните методи даваат лажно чувство на безбедност. Не е загрижувачки само тоа што нападот функционира, туку што може да биде извршен од секого, предупредува Вишванат.

13 мај 2026 - 11:30