Клод тера корисници да одат на спиење

Ниту творците од Anthropic не можат да објаснат зошто нивниот четбот Клод почнал емпатично да ги повикува корисниците да ја прекинат сесијата и да си легнат да спијат. Некои ова го толкуваат како доказ дека моделот со ВИ развил свест. Поверојатно е дека во обуката бил изложен на материјали во кои прочитал дека на луѓето им е потребен сон, за разлика од машините.

На интернет се вртат разни теории зошто четботот упорно инсистира корисниците да се одморат. Проблемот се појавил пред неколку месеци во разни варијации. Клод постојано наоѓа различни оправданија, но не се откажува – понекогаш ја повторува пораката повеќе пати во иста сесија.

Некои велат дека тоа е намерно вградена емпатична функција, заради грижа за благосостојба на корисникот. Но, повиците не се координирани со времето од денот.

Често го прави тоа околу 8.30 часот наутро. Ми вели да одам да се одморам и ќе се кренеме наутро, забележал еден корисник на Reddit.

Други велат дека Anthropic го вградил механизмот за да прекине долги сесии и да заштеди потрошувачка на струја во големите бази на податоци. Ни ова не држи, бидејќи Anthropic неодамна склучи договор со SpaceXAI на Илон Маск (порано SpaceX) за зголемување на енергетскиот капацитет на компјутерите на повеќе од 300 гигавати.

Anthropic не одговори на барањето од Форчун за коментар, но Сем Мекалистер од компанијата појасни на X дека однесувањето е „карактерен тик“.

Свесни сме за ова и се надеваме дека ќе го поправиме во идните модели, најави Мекалистер.

Експерти оценуваат дека однесувањето на Клод е вкоренето во неговите податоци за обука. Јан Лифард, професор по биоинженерство на Стенфорд, смета дека ботот само ја повторува фразата што ја сретнал во слични ситуации.

Тоа не значи дека моделот одеднаш станал свесен или дека оживеал. Тоа само кажува дека прочитал 25.000 книги за потребата на луѓето за сон, вели Лифард.

ВИ напредува толку брзо што е сè почесто луѓето ѝ припишуваат човечки особини. 

Како што овие системи стануваат подобри во имитирањето на емпатијата или загриженоста, на корисниците им станува полесно да заборават дека комуницираат со машини што препознаваат шеми, додава Лифард.

19 мај 2026 - 10:41