Епл ги укина безбедносните апдејти за Ајфоните произведени од 2008 до 2014, односно од првиот модел до Ајфон 6 плус. Праксата на Епл е пензионирање на сите модели што се постари од 7 години. Пример, денешниот најнов модел, Ајфон 15, би влегол во групата на застарени во 2030.
Со укинувањето на апдејтите телефоните стануваат ранливи на напади по секој следен софтверски пропуст кој ќе биде откриен во нивниот оперативен систем.
Освен што нема софтвер, за овие уреди повеќе нема да можат да се нарачаат и резервни делови, бидејќи Епл престанал да ги произведува.
Олеснително е што хакерите обично не се заинтересирани за таргетирање на постарите телефони бидејќи најголемиот дел од корисниците преминале на нова верзија. Сепак една од статистиките од минатата година покажува дека 250 милиони корисници на ИОС го немаат апдејтувано своите Ајфони повеќе од четири години.