Сенегалецот неодамна кажа дека воопшто не му требаат Ферари, Ламборгини и луксузи, иако со силните милиони кои ги заработува годишно во Ливерпул, може да си приушти што ќе посака.
„Зошто би морал да имам 10 Ферари, 20 часовници со брилијантини или два приватни авиони? Што ќе ми донесат тие работи мене или на светот? Јас сум бил гладен, сум работел на нива. Сум поминал тешки времиња, сум играл фудбал бос. Немав школо како и многу други работи.
Но сега заработувам од фудбалот и можам да им помагам на луѓето. Изградив училишта, стадион... Луѓето живеат во сиромаштија, ние трошиме многу на облека, на чевли, на јадење. Одвојувам по 70 евра секој месец за секој жител на еден од најбедните региони во Сенегал. Парите одат за нивниот семеен буџет.
Не ми треба да трошам на скапи коли, патешествија и авиони. Сакам моите луѓе да добијат делче од тоа што животот ми го даде мене“, раскажал Салах за сајтот Nsemwoha.com од Гана.
СКРШЕН ЕКРАН НА ТЕЛЕФОНОТ КОЈ МУ ГО ПОДАРИЛЕ
Пред мечот Лестер - Ливерпул (0:4), операторите кои го снимале доаѓањето на играчите, фатиле интересен кадар: во рацете Садио Мане држел iPhone 11 Pro Max со скршен екран и како што изгледа состојбата на телефонот, одамна е за менување.
Но Мане вели дека телефонот му функционира и дека нема проблем со тоа што стаклото било пукнато.
А што е поинтересно, Сенегалецот не го ни купил овој телефон, туку во октомври му го подарил Холанѓанецот Џорџињо Вајналдум. Гледајте ја искрената реакција на Мане кога добил поклон:
„Џини ми подари нов iPhone11. Просто е неверојатно!“
Look at Mane’s reaction after given a free iPhone 11 by Gini. So humble. 😂pic.twitter.com/JHmn9nlz4R
— Samue (@SamueILFC) October 3, 2019
После победата во Лига на шампиони, управата на Ливерпул им подарила на сите ирачи iPhoneXS со 24 карати злато. Ваквиот уникатен и ексклузивен ајфон го направила компанијата iDesign Gold, а такви модели имаат уште и Робињо и Тиаго Сиова.
Но Мане, со овој мобилен не шета во јавност.