Садио пораснал во селото Бамбали кое се наоѓа недалеку од реонот меѓу границите на Гамбија и Сенегал, предел кој ги дели двете земји.
Во домот на Мане живеело големо семејство - 10 луѓе. Татко му на Мане бил имам во локалната џамија а семејството живееле прилично сиромашно. Но тоа не му сметало на Садио по цели денови да трча по топката.
„Кога ќе заработам парички тогаш ќе почнам да се мијам“, се сеќава на зборовите на Мане еден негов другар од детството во разговор за Daily Mail.
Кога Садио наполнил 10 години, цел Сенегал крај телевизорите ја бодрел репрезентацијата на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореја 2002.
Тој Мундијал почна легендарно за нив: Сенегал стигна дури до четвртфиналето и таму минимално изгуби од Турција. Како целата земја така и мештаните на Бамбали ги фатила еуфорија за фудбал па организирале детски турнир.
„Сите викаа дека јас сум најталентирано дете во селото. Но тоа не го интересираше моето семејство, моите религиозни родители. Тие сакаа да мислам само на школото и во иднина да се занимавам со нешто друго“, се сеќава Мане.
ИЗБЕГАЛ ОД ДОМА ЗА ДА ОДИ НА ПРОБА
Веќе потпораснат Мане не издржал, собрал некое парче облека, нашол пари и избегал од дома во престолнината Дакар - на 800 километри северно од дома.
„Зборував со некој кој ми беше како татко и секогаш барав помош од него. Моето село се наоѓа многу далеку од главниот град и мислев дека тука никогаш нема да ме видат скаути. Така решив се да земам во свои раце“.
Садио го немало цела недела. Кај бил и што правел не знаел никој. Мајка му во паника трчала од куќа во куќа кај другарите на син и ги молела да и кажат каде може да биде. За среќа, на крај еден познаник кој му позајмил пари на Мане им кажал каде е. „Го пратија брат ми по мене и ме вратија дома“, раскажува Мане.
Следниот пат веќе не морал да крие.
Кога завршил школо на 15 години, семејството на крајот се помирило дека Садио запнал да игра фудбал иако ни татко му ни мајка му не верувале дека синот ќе им стане спортист.
Но кога веќе се решил и ги убедил, тие му помагале: оделе на жетва на плантажите и собирале пари. Тогаш најмногу од сите во селото на Мане му помогнал чичко му. Тој го однел малиот во Дакар на проба во академијата Generation Foot.
Садио останал во хаотичниот главен град меѓу луѓе кои никогаш нит ги видел нит ги познавал.
„Им кажав дека немам многу пари, им ја објаснив мојата мотивација да играм фудбал за да ме пуштат во домот. Моето семејство знаеше некои таму, но се беше необично“.
На пробата Мане го забележал тренерот како го гледа: „Ме набљудуваше чудно и јас брзо дадов гол. Ме праша: ’Ти си на проба мали? Во тие копачки? И како мислиш да играш во нив? Твои шорцеви ли се овие? Немаш нормални шорцеви за фудбал?’ Ќе беше непријатно да премолчам па одговорив: ’Тие се најдобрите што ги имам. Се што сакам е само да покажам како играм’.
НЕ ИМ КАЖУВАЛ ДОМА ДЕКА ИГРА ВО ФРАНЦИЈА
На родителите дома не им значело многу тоа што Мане бил во академијата: тие и натаму сомневале дека може да бидне нешто од него и тивко смислувале варијанта во случај малиот да се врати дома. Но тој не се вратил.
Во 2011-та неговиот талент го приметиле скаутите на француски Мец кои активно работеле во цела Африка. Мане дури и не им кажал на родителите дека го викнале на проба во Европа и им се јавил само кога пред него биле документи да потпише договор.
„Ѝ заѕвонив на мајка ми: ’Здраво, јас сум во Франција’. Таа молчеше долго. ’Не, Франција е во Европа’, ѝ одговорив а таа: ’Каква Франција?! Вие тренирате во Сенегал која Франција! - и натаму не ми веруваше. „Мамо, јас сум во Европа, тоа ти кажувам“.
Но мајка му уште не му поверувала и секој ден му ѕвонела со едно прашање: „Зошто толку долго зборуваш ако си во Франција“? Додека Мане не ја убедил да најде некаде во селото да ѝ раскажат за Лига 1 во Франција.
Така во Бамбали разбрале дека Садио не го фрлиле на пат во Дакар.
Мане првпат блеснал уште во Австрија (после Олимпијадата во Лондон за него многу пари одвоил Ред Бул Салцбург). За две сезони во Австрија Сенегалецот одиграл 63 меча и постигнал 31 гол. Тренер му бил Рогер Шмидт, Германец кој бил воодушевен од идеите на Јирген Клоп и пред пар години со Баер Леверкузн играше ултра офанзивен фудбал.
„Во Австрија беше страшно постудено од Франција а јас на почеток и ништо не разбирав германски. Но имавме одличен тренер. Шмидт ме поддржуваше мене и ме учеше: со него научив многу за тактиката и како треба да реагирам во разни ситуации“, раскажува Мане.
За Мане интерес почнале да покажуваат многу големи клубови а анегдота раскажал и Роман Асхабадзе, поранешен директор во Спартак Москва.
„Управата постави задача да најдеме двајца силни крилни играчи. Првиот беше Квинси Промес, а вториот Мане. По преговорите со Промес, отидов на средба со представниците на Сенегалецот. Со неговиот клуб се договоривме многу брзо за неколку минути но дента му стигнала понуда од Англија и тој замина таму за помалку пари. Ни се извини отворено, беше навистина внимателен“.
МНОГУ ГО ЗАСАКАЛ КЛОП
Во мај 2015-та година Садио Мане влезе во историјата на Островот: за само 2 минути и 56 секунди го постигна најбрзиот хет-три во историјата на англискиот фудбал - тогаш настрада Астон Вила.
Следното лето 2015 Манчестер Јунајтед многу сакал да го види на „Олд Трафорд“ но Роналд Куман бил категоричен: „Садио не е на продажба! Тој е играч на нашиот клуб кој многу му се допаѓа“.
Мане останал таа сезона но следното лето било речиси невозможно да го задржат талентот од селото Бабала. Ливерпул одговорил на барањата на Саутемптон кој толку пари не видел до тогаш - околу 37 милиони фунти!
За работата со Јирген Клоп Мане има само пофалби: „Тој прекрасно ги мотивира играчите, од нас прави екипа. Многу не сака, а ние го почитуваме и цениме. Тоа е суперважно. Работиме за него и сакаме да победуваме за него. Ни одговара неговиот систе на игра, брзи и отворен стил“, вели Мане за тренерот кој го носи Ливерпул пред вратата од финалето на ЛШ.
ЧИТА МОЛИТВИ ПО 5 ПАТИ НА ДЕН
Садио Мане и ден-денес не заборава на своето религиозно воспитување од родителите: „Никогаш не сум пипнал алкохол. Со огромна почит се однесувам кон заповедите на исламот и читам молитви по пет пати на ден. Во Сенегал 90% од населението е муслиманско, а 10% се христијани. И сите живеат заедно во хармонија и дружба. Мојот најдобар другар Лук беше христијанин а ние често си одевме на гости еден кај друг.
Во 2016-та Садио ја возобновил џамијата каде работел татко му како имам: „Уште од детството ме мотивираше желбата да му се заблагодарам на својот роден крај, да му дадам нешто. Разговарам и со некои соиграчи од Сенегал за тоа. Да, уште сум млад но скоро ќе отворам нешто во татковината“.
И покрај милионските договори, мајка му и татко му на Мане не се преселиле во Англија.
Садио им купил дом во Дакар, но тие уште се врзани за родното село па тој ги тера да одат малку до градот. „Они ден-денес живеат во селото. Секако, доаѓаат до Дакар но не многу често“.
Мане постојано им се јавува дома: „Секој ден разговарам со мајка ми. Еднаш уште додека играв за Саутемптон, со чичко ми дојде на стадион. Влегла но две минути подоцна излегла. Таа може да гледа фудбал но никогаш кога играм јас. Се плаши да гледа некој да не ме повреди“.
Но велат дека за финалето во Лига на шампиони во Киев мајка му веќе се пакува да дојде.