Таг: сенегал

Како за филм: приказната за Сенегалката Веселинка од Битола

Годината е 1928. Во белградска Политика излегува текст за „една наша црна гостинка“, родум од село близу Битола, чедо на Првата светска војна, чиј татко, Сенегалец, војувал на Солунскиот фронт. Новинарски текст како расказ, приказна како за филм.

Јака фешта на Сенегалците во Џенова

Африканскиот Куп на нации се игра 65 години, а селекцијата на Сенегал синоќа го освои за прв пат откако го победи Египет на пенали. Наш човек кој живее во Италија начекал голема група на Сенегалци кои слават за историската титула. Ни прати клип. Во транс се.

Историска ноќ за Сенегал, кој за прв пат ја освојува Африка

Садио Мане ја доби битката против Мохамед Салах во финалето на Африканскиот Куп на Нации. Прва титула во третото финале за Сенегал против рекордерот Египет со седум титули.

Интересната кариера на новиот голман на Челси

Кај Хаверц и Тимо Вернер се топ, светска класа играчи. Но навивачите на Челси цело лето чекаа еден друг трансфер - клубот да им подари нов голман кој би можел да го замени Кепа Аризабалага на голот. Абрамович им ја исполни и таа желба.

Откако изгради школо, Садио Мане во родното село Бамбали гради и болница

Новиот документарец за најдобриот фудбалер на Африка во 2019, насловен Made in Senegal, покажува колку напаѓачот на Ливерпул бил трогнат од раната смрт на татко му па решил да изгради болница.

Од коронавирус почина и првиот црномурен претседател во Европа, го водеше Олимпик Марсеј

Франција е меѓу најпогодените земји од Ковид-19 во Европа, со повеќе од 3.500 починати лица. Во Марсеј посебно тагуваат за 68-годишниот Папе Диуф, новинар, агент и некогашен претседател на трофејниот Олимпик.

Во Свазиленд на квалификациски меч времето се поремети

Свазиленд и Сенегал играа квалификациски натпревар во Купот на Африкански нации на лудо време. Прво се спои небо и земја и не можеше човек да држи рамнотежа на таков ветер, не па топка, а потоа се отвори како за пикник на 1 мај.

„Бев гладен, играв бос и знам како е да се нема, што ќе ми се 10 Ферари“

Со 8 гола и 2 асистенции на 11 меча досега сезонава, Садио Мане потврдува дека е еден од најдобриот офанзивни фудбалери на светот денес. Неговата годишна плата во Ливерпул е проценета на 6,5 милиони евра, така што може да си приушти буквално што ќе посака. Ама не е таков.

Малиот син на Фати му преведуваше од турски

Во минатото коло во турската фудбалска лига Анкарагуџу со 2:1 го победи Генчлербирлиги. После мечот полушпицот на домашните, Рикардо Фати дошол во микс-зоната да одговори на неколку новинарски прашања.

За трофеј со ваков автогол треба само к`смет

По пауза од 29 години, селекцијата на Алжир е освојувач на Африканскиот Куп на нации откако во финалето ја совлада Нигерија со 1:0. Голот за победа е како да ви кажеме. Скроз г`злачки автогол со лоб удар уште во 2 минута. Марез ја доби и оваа битката со Мане, покрај онаа за титулата во Премиер лига.

Необичен навивачки колорит - убавината на Купот на Африка

Купот на Африка (пандан на Европско првенство) не е само чудни стадиони и специфичен фудбал, туку и необични навивачи какви што никогаш нема да сретнете на Европско или во Лига на шампиони.

Сјајната исповед на Кулибали, најбараниот стопер на денешнциата

Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.

Сте можеле и телефонски да се јавите во Интер за Кеита

Фудбалската репрезентација на Сенегал ќе биде ослабена во квалификациите за Купот на Африка 2019, откако остана без еден од најважните напаѓачи, кој не е ни повреден ни суспендиран. Причините се банални.

До таму ли стигнавме Јапонец да задржува време?

Во последните 10-15 минути од мечот Јапонија - Полска 0:1, Јапонците иако губеа, имаа пласман во следна фаза затоа што Сенегал кој губеше од Колумбија исто 0:1, полошо стоеше на фер-плеј табелата (имаа 6 жолти картони, а Јапонија 4), па „самураите“ си подаваа на средина од терен да не случајно направат жолт картон.

Што ти е Светско, Јапонија со пораз оди во осминафинале

Стоперот на Барселона, Јери Мина ја однесе Колумбија во нокаут фазата и го исфрли Сенегал, а Полска непотребно ја победи Јапонија, само колку да им наштети на тие што ја бркаа на спортска, која ете не мораше да се мачи да брка ниту бод.

На кој што му треба денес на Светско?

Вечерва се игра големото дерби од првата фаза, Англија - Белгија кое ќе го одлучи победникот во групата Г. Попладнево Јапонија, Сенегал и Колумбија играат за пласман понатаму.

Јапонецот кој од публика ја закова со глава

Сенегалскиот репрезентативец Н’Дојде во 51’ минута од мечот против Јапонија ја шутна топката високо над голот, а таму на трибините ја сочека еден Јапонец кој немаше страв да ја забие со глава.

Голеада на Јапонија и Сенегал за чекор поблизу до следна фаза

Во една од повозбудливите средби деновиве на Светското, во групата Х, Јапонија и Сенегал ремизираа 2:2 и сега имаат по 4 бода пред последното коло.

Селекторот на Сенегал го менува африканскиот фудбал и носи саат од 150.000 долари

Кога на своите фудбалери ќе им ја пренесеш емотивноста со која ги следат во родната земја, тие ќе сфатат за што се дојдени на Светското. Тоа го направил Алиу Сисе во еден говор пред Мундијалот кога се расплакал.

Руска полиција ги претресла Сенегалците зошто многу играле

Сенегалските навивачи во Москва донеле прав африкански колорит, а на руското МВР му било чудно како тоа тие со денови непрестано танцуваат па решиле да им ги тресат собите да не имаат недозволени супстанци.

Две грешки на Полска за три бода на Сенегал

Продолжуваат мундијалските изненадувања во Русија, а нов таков резултат на репертоарот е триумфот на Сенегал над Полска во групата Х, со што се заокружува првото коло од групната фаза.

Садио Мане - третиот херој на Ливерпул во кој не верувале родителите

Толку многу сакал да игра фудбал што како мал избегал од родното село и отишол на проба во 800 километри оддалечениот Дакар. Неговите на крај се помириле дека се решил за фудбал па решиле да собираат пари од бербата во плантажите во Сенегал.

Во Африка ќе се преигра квалификациски меч поради судиска грешка

Чиновниците на ФИФА во средата објавија историско решение - за првпат во историјата еден меч од квалификациите ќе се преигра повторно.