Што ти е Светско, Јапонија со пораз оди во осминафинале

Стоперот на Барселона, Јери Мина ја однесе Колумбија во нокаут фазата и го исфрли Сенегал, а Полска непотребно ја победи Јапонија, само колку да им наштети на тие што ја бркаа на спортска, која ете не мораше да се мачи да брка ниту бод.

Колумбија е осминафиналист во групата Х како првопласиран, а втора е Јапонија, но не затоа што има повеќе бодови од Сенегал или подобра гол разлика, туку по третиот параметар, а тоа е фер плејот. Јапонците одат понатаму бидејќи имаат четири жолти картони, а Сенегал шест. Ова се случува прв пат на Мундијалот во Русија.

ЈАПОНИЈА - ПОЛСКА 0:1

СЕНЕГАЛ - КОЛУМБИЈА 0:1

Во 17 минута Мажиќ свирна пенал за Сенегал, па го поништи со ВАР.

ГРУПА Х: Колумбија 6, Јапонија 4, Сенегал 4, Полска 3

28 јуни 2018 - 17:59