Јуни 2002 година било најубавото време во животот на Алиу Сисе. На неговиот лев ракав стоела капитенска лента на репрезентацијата а на дресот грбот на земјата која стигна до четвртфинале на Светско првенство.
Сенегалците тогаш ја победија Франција во првиот меч од групата, одиграа нерешено со Данска и Уругвај и со 5 бода отидоа во осминафиналето каде ја срушија и Шведска со Хенрик Ларсон во прв состав и Златан на клупата.
Алиу Сисе заедно со францускиот тренер Бруно Метсу и уште дваесетина други фудбалери го постигна најдобриот резултат во историјата на африканскиот фудбал.
Септември 2002 година бил најтешкиот период во животот на Алиу Сисе. Ферибродот Le Joola со број 26 превезувал две илјади луѓе (три пати повеќе од дозволеното) од градот Зигиншор во престолнината Дакар.
Во време на патот капетанот на бродот плукнал на уште едно ограничување и по голема олуја се оддалечил од брегот повеќе од дозволеното.
Повеќето од патниците спиеле на палубата и тоа го нарушувало центрирањето и влијаело на стабилноста на траектот.
Еден страшно силен бран го превртил Le Joola и 2.000 луѓе се нашле во морето. Првиот спасувачки чамец пристигнал после неколку часа. Загинале 1.863 лица а меѓу нив имало 11 роднини на Алиу Сисе. Во Сенегал тогаш зборувале дека трагедијата го погодило речиси секое семејство.
Сисе, кој тогаш играше за Бирмингем се спремал за мечот со Вест Хем а по дуелот во микс-зоната кажал: „Загинаа моите роднини, чичковци, тетки. Својата задача ја исполнив, сега морам да одам дома“. Фатил авион и полетал за Сенегал.
***
Како по правило на африканските тренери им ја доверуваат репрезентацијата кога веќе нема шанси за пласман на големо натпреварување или кога некој обично Французин ќе даде оставка и не можат да му најдат замена.
Историјата на Сисе е поинаква. Од почеток тој ја води селекцијата во која го викна и Садио Мане во составот на Олимписките Игри во Лондон каде пројдоа група а потоа се замери со Гигс кој ги обвини дека играат грубо.
Во 2015-та по искуството со олимписката селекција го поставиле за главен селектор на репрезентацијата на Сенегал. За помошници ги поставил Омар Даф, Ламин Диата и тренерот на голманите Тони Силва.
Сите заедно се дел од најдобрата генерација репрезентативци во историјата на Сенегал. Фудбалскиот занает и тактика ги учеле од Французинот Бруно Метсу. Метсу почина пред пет години после тешка болест на 59-годишна возраст. Сисе сега во секое интервју зборува колку Французинот бил важен за него.
Денешните клинци гледаат на таа генерација 2002 како на идоли. И тоа е главната причина зошто во првото коло против Полска беа толку сплотени и победија со 2:1.
- Сисе е супермотиватор. Пред стартот на Светското првенство тој застанал пред репрезентацијата и заплакал додека зборувал колку е важен турнирот за целата земја.
„Тоа беше мошне емотивно. Селекторот максимално се труди да ни објасни колку не поддржува целата земја“, рекол Шеих Кујате.
Алиу Сисе важи за прибран селектор а тоа го докажа и после мечот кога застана меѓу играчите и ја смируваше еуфоријата по големиот триумф.
Aliou Cissé: Easily the most GIFable coach at this World Cup.pic.twitter.com/SpcDA3dSYo
— Grant Wahl (@GrantWahl) June 19, 2018
Алиу Сисе е најмалку платен селектор на Светското првенство. Ако германскиот и францускиот земаат повеќе од 5-6 милиони евра годишно, платата на Сисе изнесува 200.000 евра или 17,5 пати помалку од Јоаким Лев.
И покрај тоа Алиу Сисе носи часовник Richard Mille кој вреди 170.000 евра.
Треба да се потсети и дека репрезентацијата на Полска составена од Роберт Левандовски, Аркадиуш Милик, Гжегож Криховјак, Пјотр Зјелински - фудбалери од најдобрите европски првенства кои направија многу за да стигнат на Светско. Но на мечот со Сенегал овие ѕвезди не можеа да врзат повеќе од два-три точни паса.
„Знаевме многу за противникот, имавме план. Но планот е едно а реализација е друго. Знаевме дека најважна карактеристика на Сенегал се брзите напади. Просто не одговоривме на таа игра“, се правдаше селекторот на Полска Адам Навалка после мечот а тоа е уште едно признание за Алиу Сисе.