СП 2018

Голеада на Јапонија и Сенегал за чекор поблизу до следна фаза

Во една од повозбудливите средби деновиве на Светското, во групата Х, Јапонија и Сенегал ремизираа 2:2 и сега имаат по 4 бода пред последното коло.

Во Екатеринбург Сенегал два пати водеше, но „самураите“ на два пати се враќаа и освоија злато вреден бод кој би можел да ги однесе во осминафинале. Но ова реми им одговара и на Полска и Колумбија кои подоцна играат а немаат ниту еден бод после првото коло.

ЈАПОНИЈА - СЕНЕГАЛ 2:2 (1:1)
/Садио Мане 11’, Ваге 78’ - Инуи 34’, Хонда 78’/

Во 45’ минута при резултат 1:1, Јапонците се решија на необичен начин да фатат пет играчи на Сенегал во офсајд:

На 28. јуни, во последното коло од оваа група се среќаваат Јапонија - Полска и Сенегал - Колумбија.

24 јуни 2018 - 21:13