Сјајната исповед на Кулибали, најбараниот стопер на денешнциата

Својот фудбалски и животен пат Калиду Кулибали го раскажа за реномираниот The Players’ Tribune за кого своите кариери ги раскажаа најголемите фудбалски и општо спортски ѕвезди.

Калиду Кулибали три години по ред е избран во тимот на сезоната во Серија А. Пеп Гвардиола не може да се помири додека не го види стоперот на Наполи во Манчестер Сити, но Неаполитанците не сакаат да слушнат за понуда под 115 милиони евра кои според Gazzetta dello Sport, Сити е спремен да ги изброи за Сенегалецот.

Самиот Кулибали вели дека сака да остане во Италија, вљубен е во градот под Везув, вљубен е во Наполи и не сака да си оди.

ПРВПАТ СЕ СРЕТНАЛ СО РАСИЗАМ НА МЕЧ СО ЛАЦИО

„Често во интервјуата ми поставуваат прашања на кои тешко можам да одговорам: ’Кули, како се чувствуваш кога слушаш “бу бу бу“ од трибините? Што треба да се направи во таква ситуација?

Мислам дека додека не доживеете нешто слично, не можете да разберете какво е чувството. Тоа е многу грда работа и тешко е да се зборува за тоа, но ќе пробам да ви објаснам како е, затоа што има важна порака која сакам да ја разбере секое дете што го чита ова. Пред да завршам, ќе ви ја кажам најважната лекција што ја научив во животот.

Но прво да поразговараме за омразата.

Првпат кога го искусив расизмот во фудбалот беше со Лацио пред неколку сезони. Секој пат кога и да ја примев топката слушнав урлања од навивачите. Но не бев сигурен дали се тоа околу мене стварно се случува или умислувам. Кога топката не беше во игра, им пријдов на соиграчите и ги прашав: „Дали ми викаат само на мене?“

Мечот продолжи, а јас сфатив дека група навивачи на Лацио правеше мајмунски крици кога и да ја допрев топката. Невозможно беше да најдам прав одговор во тој момент. Имаше моменти кога само сакав да излезам од теренот за да ја докажам поентата, но тогаш си реков себеси дека тоа би значело дека го правам точно тоа што они го сакаат.

Памтам дека се прашував зошто го прават тоа - дали дека сум црнец, дали е нормално да се биде црномурен на овој свет?

Вие само ја играте играта која што ја сакате, како што сте играле илјада пати претходно. Но тогаш се чувствувате повреден и навреден. Искрено, дојде до точка во која практично се срамев од самиот себе.

После некое време, судијата Ирати го прекина мечот. Дотрча до кај мене брзо и ми рече: „Калиду, со тебе сум, не се секирај. Ајде да ги прекинеме овие скандирања - ако не сакаш да го завршиш мечот, само кажи ми и готово“.

Сметав дека тоа е многу храбро од негова страна, но му реков дека сакам да играм до крај. Официјалниот спикер ги замоли навивачите да престанат со расистички скандирања и после три минути мечот продолжи.

Но повиците не престанаа.

После последната судиска свирка одев кон тунелот и бев многу, многу бесен, но ми текна нешто многу важно. Пред мечот со мене на терен излезе дете кое ме држеше за рака и ме замоли да му го дадам дресот.

Му ветив дека ќе му го дадам после мечот, па се свртев и го побарав. Го најдов кај трибината и му го подарив дресот. Знаете што беше прво нешто што ми кажа?

„Многу ми е жал за се што се случи“.

Тоа толку многу ме погоди - тоа мало дете ми се извинуваше поради гомила возрасни луѓе. И прво што помислил било како сум се чувствувал на теренот...

Му реков: „Не е важно. Фала ти. Чао“.

Тоа е тој детски дух, тоа му недостига на светот. Знам дека ваквите инциденти не се случуваат поради бојата на кожата, слушам и кога прозиваат некои мои соиграчи на основа на други работи. Српските фудбалери ги нарекуваат „цигани“, а Лоренцо Инсиње го викаат „наполитанско го**о“.

Мора да настојуваме да бидеме подобри и подобро да постапуваме во вакви ситуации. Кога инцидентот ќе се случи, клубовите само ќе издадат соопштение и после пак ќе се случи истото. Може да посведочиме како се решија овие проблеми во Англија. Кога го идентификуваат тој што правел прболем - добива забрана за влез на стадион засекогаш.

Се надевам дека еден ден така ќе биде и во Италија. Исто и размислувам за луѓето што го прават тоа. Како да се сменат? Како да се допре до нивното срце?

„Немам одговор на овие прашања. Сè што можам е да ја раскажам својата приказна.

На своите другари често им викам: „Ако ме гледате само како фудбалер, а не како ’малиот Кули’, вашиот другар, тогаш не сум успеал во животот.“

Пораснав во малото градче Сен Ди во Франција, полно со емигранти од Сенегал, Мароко и Турција. Ние стигнавме од Сенегал, татко ми избега во Париз и работеше седум дена неделно за да собере доволно пари да може и мајка ми да ја донесе во Франција. Првпат отидов во Сенегал кога имав шест години и ми беше чудно како живеат луѓето во другите делови од светот.

Се сеќавам дека ја молев мајка ми на сите деца да им купиме патики за да можеме да играме заедно фудбал сите.

Но таа ми рече: „Калиду, соблечи ги патиките и играј исто како нив, бос“. На крај така и направив и така почна мојата фудбалска приказна.

Во Франција секој ден игравме во паркот покрај нашата куќа на еден импровизиран терен. Не прекинуваа колите кои поминуваа, а во мојата населба имаше многу имигранти, па сите секој ден игравме наше мало „Светско првенство“ - Сенегал и Мароко, Турција - Франција, Турција - Сенегал...

Тоа беше населба во која сите бевме многу сложни. Ако на мајка ми нешто и требаше, те праќа кај комшијата, не во продавница. Немаше затворени врати, сфаќате?

Кога ќе отидев кај некој другар и ќе прашав: „Дома е Мумахед?“, мајка му ми викаше: „Не е дома, излезе, ако ти се игра плејстејнш, слободни влези си“.

Играв како да сум дома и одмарав како да сум во својот дом, а ако ме замолеше да одам да купам леб, одев одма како мајка ми да ме замолила.

Во вакво опкружување, секој пријател го сметаш за брат. Имаше црнци, белци, Арапи, Африканци, Муслимани, Христијани, да - но сите бевме Французи. Ако бевме гладни сите јадевме турци оброци, или доаѓавме кај мене дома на вечера да јадеме традиционална сенегалска храна...

Да, се разликуваме, но еднакви сме.

„Кога Сенегал ја победи Франција на Светското првенство 2002 се радуваа Сенегалци, но толку беа среќни што во исто време со нив славеа и Турци, па дури и Французи. Тоа ми остана во сеќавање, тоа е дражта на фудалот и тоа беше начин на кој нашето соседство функионираше.

Можеш да имаш се во животот - пари, скапа кола, но со ништо не можеш да го купиш другарството, семејството, спокојот.

КОГА МУ СЕ ЈАВИЛ РАФА БЕНИТЕЗ, А ОВОЈ МУ СПУШТИЛ

Од француски Мец отидов да играм во белгиски Гент, а потоа и во Наполи во Италија и научив многу јазици, запознав различни луѓе. „Кога ги знаеш сите јазици, сите врати ти се отворени“.

Пред да дојдам во Неапол многу се плашев зошто не го знаев јазикот и слушав кога луѓето зборуваа за мафија и за криминал таму. Никогаш не бев таму и не знав дали зборуваат вистина.

Кога бев во Генк, другар ми Ахмед еднаш дојде во посета неколку дена. Го чекав на железничка станица и во еден момент ми заѕвоне телефонот. Ме бараше непознат број.

Се јавив и на англиски реков: „Ало, кој е?“, а некој глас одговори: „Здраво, овде е Рафа Бенитез“. Му реков: „Ахмед, не ме заебавај, те чекам на станица ајде“ и спуштив.

Пак ми заѕвоне, а јас веќе се изнервирав. Му реков: „Ахмед, доста веќе. Те чекам, кога стигнуваш“? А тој пак: „Ало, Рафа Бенитез овде“. Пак му спуштив.

Набрзо ми се јави менаџерот, ме праша како сум и дали сум се слушнал со Рафа Бенитез од Наполи и ми кажа дека ќе ми се јави.

Зачудено го прашав: „Молам?! Ти се зафркаваш со мене?! Па човекот само што ми се јави, а ја мислев дека е другаров што се зафркава со мене“...

После тоа агентов го побара Бенитез, му кажал што се случило точно и Рафа повтнро ми се јави, а јас се правев дека ништо не се случило. Ми постави многу прашања: за градот, за девојка ми, за животот, за играчите... Почнавме на англиски, а завршивме на француски“.

Му реков дека го знам само Хамшик и дека не знам ништо ни за градот ни за соиграчите, но знам кој е Рафа Бенитез и бев импресиониран што се ми раскажа.

Тоа беше зимно време, јас му се јавив на агентот и му кажав да направи се што може само да потпишам што побрзо со Наполи. Но немаше доволно време од преодниот рок, па морав да почекам на лето за да се преселам во Италија.

Кога дојдов во клубот, Рафа ме однесе на вечера. Собра неколку вински чаши од масите и почна да врти со нив за да ми објасни каква тактика игра неговиот тим.

Откако се ми објасни, ми рече сега ќе мора брзо да научиш јазик и тактика.

Неколку недели подоцна ме однесе во собата за видео-анализи и ми ги пушти снимките од моите најдобри потези. Го прашав: „Ви се доапаѓа ова?“, тој ми одговори: „Немој веќе никогаш ова да го правиш“. Се збунив и реков „Ама му ја земав топката“, а тој се налути и рече: „Ова е срање! Ја зема поради својата снага, а противникот да беше попаметен, ќе беше во голем проблем“. После ми покажа снимка со поедноставни потези и рече тоа да го правам за да бидам подобар играч.

Од доаѓаето во Наполи научив тактики од светска класа и созреав како фудбалер, а што е поважно и како човек.

Сега кога се враќам дома во Франција, другарите не ме викаат „Сенегалецот“ или „Французинот“, туку викаат „О, еве го Наполитанецот“.

Неапол е град полн љубов, ме потсеќа на Африка по својата топлина. Луѓето сакаат да зборуваат со тебе, да те допрат. Не само што те почитуваат, туку и те сакаат. Откако сум овде, се сменив и како човек и уживам во мирот.

Сега ме познавате малку подобро. Да, јас сум фудбалер. Да, јас сум црн фудбалер. Но не сум само тоа. Јас сум Муслиман, Сенегалец, Французин. Јас сум Наполитанец.

Јас сум татко.

Бев на сите краеви во светот, научив бројни јазици и отворив многу врати. Имав доволно среќа да заработам многу пари, но ќе ве потсетам на најважната лекција која што ја научив во животот.

Постојат три работи кои со пари не се купуваат: пријателство, семејство и спокој.

Тоа го сфатив уште како дете во Сен Ди, а тоа сакам да го научи и син ми. Се надевам дека луѓето ќе ме памтат како таков еден ден.

Да, можеби сме различни, но сите ние сме браќа.