Некој би рекол чудно, ама тоа е до менталитетот

За тоа колку се тешки европските квалификации за Светско или Европско првенство говори и фактот што Австрија се пласираше на Мундијал после цели 28 години. На 18-ти ноември одиграа 1-1 против Босна и Херцеговина и го сочуваа првото место на табелата за директен пласман на Светско. И прославиле тивко, умерено.

Пред речиси пола-пола поделен стадион „Ернст Хапел“ на кој имаше преку 20.000 навивачи на БиХ, гостите први поведоа во 12' минута преку Табаковиќ.

Австрија едвај израмни во 77-ма минута преку резервистот Грегорич и тој бод значеше дека остануваат први на табела.

Прославија Австријците по натпреварот накратко со своите навивачи а прославата делуваше пристојно и умерено, типично австриско-германски.

Дури и после натпреварот улиците биле празни, тивки и како Австрија да не остварила историски пласман на Светско првенство. За разлика од таму на пример во Шкотска се точеле хектолитри пиво и се урлало по улиците на Глазгов, Единбург и другите градови по неверојатната драма со Данска. И на многу други страни во светот беше лудо и еуфорично. Но не и во Австрија.

Веднаш по натпреварот капитенот Марко Арнаутовиќ во микс-зоната се обрати до австрискиот претседател Александер Ван дер Белен и во занес му порача 18-ти април да биде прогласен за државен празник, неработен ден и да се слави пласманот на Светско првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ORF Sport (@orfsport)

Првиот човек на Австрија, Ван дер Белен му одговори на Арнаутовиќ со видео на Инстаграм:

„Драг Марко, твојата идеја од синоќа е секако нешто што сојузната Влада и јас би требало да го поддржиме. Но погледни го ова, вели претседателот на Австрија на снимката и покажува фотографија од пехарот наменет за светксиот шампион. „Ти изгледа познато, нели? Ако ова го донесете во Виена на крајот од јули следната година може пак да разговараме“.

21 ноември 2025 - 09:53