Сенегал стана прв пат шампион на Африка после 120 минутна битка против Египет и изведувањето пенали во кои беа подобри со 4:2.
Садио Мане од трагичар се претвори во херој во финалето, бидејќи прво промаши пенал во 7 минута од мечот, а на крајот погоди во пенал серијата откако шутираше последен за прва историска титула.
Во пенал серијата, прецизни за Сенегал беа Кулибали, Диало, Диенг и Мане, а Сар не успеа да реализира.
Кај Египет погодија Зизо и Хамди, додека Абделмонем ја погоди стативата, а во четвртата серија Менди му го одбрани ударот на Лашин.
За Сенегалците ова ќе биде ноќ за паметење после неуспешните финалиња против Камерун 2002-ра и Алжир 2019-та година. Бранител на титулата беше Мароко, а Египет води со рекордни 7 титули.
2012 - Sadio Mané was the first player to both take and miss a penalty in an African Cup of Nations final since Didier Drogba for Ivory Coast against Zambia in 2012. Talk. #CAN2021 #SENEGY pic.twitter.com/8vIfiMs2o0
— OptaJean (@OptaJean) February 6, 2022