Диуф се родил во Чад но имал државјанства на Франција и Сенегал. Во Дакар, главниот град на Сенегал Папа Диуф починал како последица од коронавирусот. Тој станал првиот смртен случај од Ковид-9 во оваа африканска земја.
Во вторниот Диуф требал да полета во Ница за да го лечат во француска болница, но не успеал, состојбата му станала крајно неизвесна. Пробале да му го спасат животот со респиратори но безуспешно.
ДИУФ ПРВО ПИШУВАЛ ЗА МАРСЕЈ А ПОТОА ИУМ СТАНАЛ МЕНАЏЕР НА ДЕСАИ, ГАЛАС, ДРОГБА И НАСРИ
На 17 години Папе Диуф се преселил од Сенегал во Марсеј. Татко му сакал Папа да служи војска, но овој се запишал на Институтот за политички истражувања Екс ан Прованс а потоа станал и новинар. Пишувал за локалните весници во Марсеј.
Поради проблем со пари, Диуф почнал да се занимава во други области. 12 години бил спортски новинари, и неговите познанства му помогнале да организира серија ревијални средби на сите ѕвезди во Африка каде дошол дури и Еузебио.
Подоцна почнал да работи како менаџер на фудбалери. Први клиенти му биле фудбалери на Марсеј: Базил Боли и Жозеф Антоан Бел. Марсеј веќе бил во топ кубовите во Европа. Боли стана главен јунак на првото финале на Лига на шампиони.
Диуф бил менаџер и на Марсел Десаи, Бернар Лама, Вилијам Галас, Грегори Купе, Дидие Дрогба и Самир Насри.
„Ретко кој од светот на фудбалот имаше така големо внимание на мојот живот и мојата кариера. Вие секогаш бевте мој наставник, мој прв агент, мој претседател. Сега со тешко срце се простувам од вас. Никогаш нема да ве заборавам, Пап Диуф“, напишал Самир Насри.
ДИУФ СТАНАЛ ПРВИОТ ЦРНОМУРЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТОП КЛУБ ВО ЕВРОПА
Многу од клиентите на Диуф играа во Марсеј а и неговите врски со клубот останале. Затоа во 2004 година го поставиле за спортски директор. Сопственикот на клубот Роберт Луи Дрејфус се надевал дека Диуф може да донесе добри млади фудбалери.
После неколку месеци Пап Диуф станал и претседател на клубот. Во тоа време ситуацијата во Марсеј не била баш сјајна финансиски но затоа спортски клубот го засилиле Франк Рибери, Мамаду Нијанг, Стив Манданда и Самир Насри кој стана лидер на екипата.
Диуф во тој момент беше единствениот црномурен претседател на клуб во сите Топ5 лиги во Европа.
Во 2006 година се случил еден од најубавите моменти во неговата кариера како претседател.
На големото дерби против ПСЖ во Париз, Олимпик Марсеј во првиот тим имал 6 резервни играчи и пет дебитанти.
Целата работа била што Парижаните им дале на омразенитре ривали два пати помалку гостински билети од она што било договорено и од она што било обичај. Од ПСЖ објасниле дека навивачите на Олимпик дошле предоцна и дека еден од нивните сектори го распродале на свои навивачи.
Диуф тогаш решил во Париз да не го праќа првиот тим.
„Го обвинувам ПСЖ за две работи. Ги продале картите кои ние ги баравме за своите навивачи. Сега врз нашите навивачи ќе седат нивни. Таква блискост е максимално опасна, тоа е многу нефер и ризично. Не сме марионети во рацете на ПСЖ. Минатата сезона ни ги скршија стаклата на нашиот автобус, така што не знаеме дали ќе играме“.
Целата ситуација дошла до министерот за спорт кој барал Марсеј да отпатува со прв тим а не со младинци и дебитанти. Но Диуф не го убедиле, па „Парк на принцовите“ во Париз заиграл овој состав:
Седрик Карасо (12 меча за Олимпик во Лига 1), Ален Кантарел (3), Ренато Сивели (2), Андре Луис (15), Алекс Пради (1 меч), Мам Н'Дијае (1 меч), Гари Бокали (дебитант), Делфим (ветеран кој се заборавил на клупата), Венсан Гастин (1 меч), Мохамед Денун (дебитант), Кристијан Хименез (прва сезона во Марсеј - 2 гола).
Познати играчи биле само Седрик Карасо (играше во Бордо и Франција), Хари Бокали (стана шампион на Франција со Марсеј и Монпеље) и Ренато Сивели (играше во Ница и Лил).
Против нив играа Кристијан Родригез, Педро Паулета и Модест Мбами. Ако победеше ПСЖ ќе го стигнеше Марсеј на табелата. Но резервите на Олимпик херојски се избориле за реми кое во Марсеј било прославено како титула.
Во 2009 година поради слаби резултати Пап Диуф го напуштил местото претседател на Марсеј. Но клубот останал во јак состав кој во сезоната 2009/2010 ја освои шампионската титула. Еден од лидерите на тој тим беше и Матје Валбуена.
„Беше многу симпатичен. За мене Пап е најдобриот претседател во современата историја на Марсеј. Тој замина во 2009-та но го остави клубот силен. Пап знаеше како неговите мисли да стигнат до играчите и работниците. Знаеше кога да биде остар“, вели Валбуена за харизматичниот претседател на клубот.
Пап Диуф се справил со еден куп животни проблеми и решил многу фудбалски проблеми. Но не успеа да се справи со коронавирусот.
Во време на пандемијата со коронавирус, Пап Диуф е втор поранешен претседател на клуб кој го загуби животот проади оваа болест. Претходно почина Лоренцо Санц, човекот кој на Реал Мадрид му донесе Лига на шампиони.