Таг: ајфон

Сите се експерти зошто крахираа акциите на Епл

Епл компјутерс инк. е основан на 3-ти јануари 1977. 42 години подоцна, Епл ја прославува својата годишнина со пад на вредноста на акциите од речиси 450 милијарди долари (за споредба колку што е вкупната пазарна вредност на Фејсбук), која трае од пикот во октомври минатата година.

Кој го измисли Ајфонот?

Како што Илон Маск не го создаде сам електричниот автомобил, и Марк Зукерберг не ги создаде социјалните мрежи, така и Стив Џобс не го создаде Ајфонот. Сите спротивни наративи на ова се „фактички некоректни и не помагаат на долг рок“.

Како вработен на Епл ја изрезили цела компанија

На интернет се појави изворниот код за Ајбут компонентата на оперативниот систем на Ајфон, одговорна за подигање на оперативниот систем, нешто што моментално се води како „најголемото протекување„ во историјата на Епл.

Долга е раката на клик-бејтот

Еплинсајдер врз основа на предвидувања од аналитичари објавуваат дека доколку побарувачката за Ајфон Х е под очекувањата, Епл најверојатно ќе го прекине неговото производството кога ќе излезе нова генерација од уредот. Оваа вест Њузвик ја презема со наслов „Дали Епл е на пат да го откаже Ајфон Х? Лошата продажба значи крај на животниот циклус на уредот“. Ова, како што објаснува Џон Грубер, еден од највлијателните блогери на тема Епл, се две сосема различни работи.

Не купувајте Ајфон Икс, за парите е, не за друго

Без разлика што е добар, телефонот не е два пати подобар за да биде два пати поскап од другите.

Виетнамци го пробија Face ID на Ајфон со маска

Она за што Ајфон тврдеше дека е несоборлив бедем на лична безбедност, падна на гумена маска. Запрашани, како вам ви успеа, а слични обиди, како на Вајард, не успеаа, одговорот на Виетнамците е „па сепак ние сме водечка компанија за компјутерска безбедност.“

Ако можеш да купиш скапо кафе, можеш да купиш и Ајфон од 1000 долари

Види колку ти се пие кафе. Види колку сакаш да имаш Ајфон 10. Избери едно.

Првата пратка на Ајфон 10 распродадена за 20 минути

Во 3 часот наутро по источно американско време Епл ги отвори преднарачките за Ајфон 10. 20 минути подоцна квотата беше исполнета. За многу упорните, на Ибеј веќе има понуди за 10-ката по цена од 10.000 долари.

Сите телефони се исти

Пиксел 2 е ист како Ајфон, кој пак е ист како Ноут.

Најдобриот Ајфон што не треба да го купиш

Консензусот околу Осмицата сведен на еден твит, гласи: Ајфон 10 всушност е Ајфон 8. Осмицата постои само за да ја оправда цената од 1.000 долари за 10-ката. Дрво едно, купи репариран Ајфон 6-за за 200 долари.

Колку е Ајфон 8 Плус да го купиш на делови?

Си-ен-ен прави пресметка по пазарната цена на деловите на моделот на 8 Плус со 256 гигабајти меморија, дека дисплејот чини 43 долари (оди па смени дисплеј на Ајфон за 43 долари), камерите 37 долари, а батеријата 4 долари, за да види колку чини производството на еден уред (притоа уредно запоставувајќи ги сите други трошоци околу телефонот).

Зошто Самсунг му е потребен на Епл

Двете компании се во судска битка вредна дестици милиони долари, додека истовремено имаат бизнис исто вреден десетици милиони долари, ама и покрај тоа не станува збор за некоја Бетмен и Џокер филозофска испреплетеност на постоењето, туку за меѓусебен интерес.

Екстремно точна пародија на Ајфон Х

Како што е ред, да ја завршиме патерицата од Ајфон денот со трето видео на темата - најава и презентација на емоџи машината од 1.000 долари.

Дојде Ајфон Х (а и 8)

На вчерашниот Епл настан одржан во новото седиште на компанијата беа потврдени најраспространеите гласини што се вртеа периодов. Епл извади два телефон 8-ца (и 8-ца плус) и Х, кој службено ќе се чита 10. Изгледот е идентичен како од протечените фотографии, а цената на Х е нешто пониска од очекуваната, 999 долари, наместо шпекулираните 1.200 долари. (За овој и за другите уреди што излегоа сменете го знакот долари во евра, додајте ДДВ и ќе ја добиете отприлика нивната цена кај нас.)

Како да визуелизираш звуци со ајфон?

Апликациите за аугментирана реалност главно се користат за комерцијални цели. Иако се скапа „играчка“, има и ентузијасти кои ја користат експериментално. Во овој случај за мапирање и визуелизација на звуци во простор. Следниот пат кога ќе ви дојде да му се издерете некому помислете како тоа изгледа, не метафорично, туку реално.

Кога е најдобро да одиш на мочање во тек на филм?

Апликацијата се вика RunPee, и служи да сигнализира кога почнува досаден дел од филмот којшто го гледате, за ако одите до ве-це да не пропуштите ништо значајно.

Оправдание за Ајфон од 1.400 долари

Епл во септември освен стандардните два нови модела на Ајфон, ќе презентира и трет уред, ултра-делукс модел по повод 10-годишнината од првиот Ајфон. Аналитичарите очекуваат овој модел да има ОЛЕД екран, 3Д слика и скенер на ретина, и да чини меѓу 1.000 и 1.400 долари.

Зошто Ајфон не може да биде составуван во Америка

Чаршиската логика е "затоа што Кинезите работат за рака ориз" и не можеш да се тркаш со нив. Екселот друго покажува, на работна сила отпаѓаат само околу 2% од вкупните трошоци за производство.

Што точно значи „снимано на Ајфон“

Тоа што нешто е снимано на Ајфон (или кој било смартфон), не значи дека е снимано само со него. Генерално, можеш и само со смартфон изваден од кутија да снимиш махерско видео. Ама генерално за тоа треба да ти се потрефат многу повеќе работи (дел од денот, природно светло, агол...), отколку што ти имаш време за трошење. Затоа тука се додатоци, од типот - секакви (ако имаш пари).