За годишнината тие објавија дека нема да успеат да ги исполнат очекувањата на берзата за последниот квартал да инкасираат приходи од 89 до 94 милијарди долари. Наместо тоа, тие за овие 3 месеци стигнале до мизерни 84 милијарди долари.
Од една страна 84 милијарди долари се претерано многу пари, од друга страна па и 5 милијарди долари (колку што е под очекувањата) не се мали пари, па акциите на Епл го достигнаа минусот од воведот.
Ваквата ситуација е џек-пот за секој што верува дека има натпросечно познавање на ситуацијата да го каже и истури своето мислење.
Најчестиот совет од добронамерниците се однесува на Ајфонот, што е и очекувано имајќи предвид дека тој е столбот на приходите на Епл, па доколку тој потфрли тоа директно удира на остварување на очекувањата на Епл.
Откако и самиот Тим Кук во допис до вработените на Епл посочи дека лошата продажба на Ајфон во Кина е причина за минусот од 5 милијарди долари (Кинезите решиле да престанат да купуваат производи од Епл еко-системот) најголемиот дел експерти се накачија на овој правец на размислување.
Теориите се движат од тоа дека трговската војна на Трамп со Кина ја забавува американската економија до конкуренцијата од производители како Хуавеи и фактот дека Кинезите немаат лојалност кон брендови како Американците, се доволни за тие да се откажат од плаќање 1.000 долари за нов телефон.
Дел од авторите, за лошата продажба се свртеа и кон локалната американска публика, кој вон досегашната пракса одлучила годинава да не го купи новиот модел на Ајфон.
„Меѓутоа доминантниот консензус останува дека колку и да е вината во трговската војна со Кина и во лошата меѓународна продажба на Ајфон, главната кривица лежи кај Епл, кој ги задржа високите цени на технологија која го достигна плафонот и се повеќе станува обичен артикл а не луксуз, па заради тоа не може да ја оправда својата висока цена. Во основа, Епл ја згреши својата ценовна стратегија,“ пишува Алекс Кранз во Гизмодо.
Бизнис инсајдер пренесува слична процена од аналитичар на Голдман Сакс, според кој Епл „погрешно го пресметал балансот цена/опции“.
Во соопштението на Епл од пред некој ден се забележува дека продажбата на Ајфон била погодена и од поправките на Ајфон, бидејќи луѓето се почесто се решавале за сервис наместо да потрошат уште 750 до 1000 долари на нов уред.