Во целата своја корпоративна искреност Епл на Ајфонот јасно пишува - Дизајнирано од Епл во Калифорнија. Составено во Кина.
Делот од работата што отпаѓа на Епл е правење дизајн за Ајфонот, создавање на софтверот за него, развивање нови технологии и дизајнирање на чиповите што тој ги користи.
Целиот овој пакет Епл после го испраќа во Кина, поточно во Фокскон, чија работа е да го состави Ајфонот. Во составувањето на еден Ајфон трошоците за компоненти изнесуваат 219,8 долари (за последниот модел), а работната сила 5 долари од уред.
Она што Кинезите го имаат, а кој било друг тешко дека ќе го постигне во скоро време е локалната достапност на компоненти потребни за производство на скоро кој и да е уред. Па така во Шензен, каде што е една од фабриките на Фокскон, сите компоненти потребни за производство на Ајфон ги има во радиус од 25 километри од фабриката. Секако телефоните дека нема сами да се состават, па во моменти на голема побарувачка на Ајфон, Фокскон вработува до 1 милион работници, сите обучени и локално достапни.
Репликата "па што, ќе ги спакуваат деловите и кај сакаш ќе произведуваш Ајфон" беше пробана во пракса во Бразил. За кратко време се покажа дека математиката не им излегува.