Иако кодот е за ИОС 9 и е 2 години стар, тој на сите заинтересирани (и позитивци и негативци) им дава неочекувано длабок пристап до затворениот код на ИОС. Од Епл соопштија дека протекувањето на изворниот код за Ајбут не е безбедносен ризик за најголемиот дел од корисниците, меѓутоа „е голем срам за компанијата.“
Како и се случува ваков пропуст на компанија како Епл?
Вработен на Епл од низок ранк го зема кодот од Епл додека работи во Купертино во 2016, откако буквално е насскан од своите другари од „џеилбрејкинг“ заедницата да го протече истиот. Луѓето што го тераат на ваков потег го сакаат кодот од чисто истражувачки причини.
Вработениот го зема изворниот код од Ајбут, и дополнителен код што допрва треба може ќе биде објавен, и го споделува со група од 5 луѓе.
Според двајца од оваа група со кои разговара Мадерборд, тој собрал секаков код и алатки од Епл, меѓутоа никој од нив не планирал што било од тоа да протече во јавност или да излезе од нивниот круг.
Тие или не знаат или не сакаат да објаснат како кодот излегол вон нивната група, меѓутоа кратко потоа тој почнува да се шири во низ заедницата. Само се знае дека второто протекување му било некаде во 2017-та. Јавно е објавен некаде есента 2017.
Се верува дека кодот на Гитхаб е објавен од човек без никаква поврзаност со оригиналната група.